„Јас не сакам девојки кои цимолат“: 7 мудри мисли за љубовта од Џенифер Анистон
„Никогаш не ми се допаѓаше Sex and the City и опсесивната потрага по Mr. Big. Јас не верувам во сето тоа.“
Џенифер Анистон е една од најхаризматичните актерки во Холивуд, која дефинитивно не живее според правилата и не се заморува што ќе кажат другите.
Најинтересните мисли за љубовта од неа:
„Нема каење за минатото. Што се случило е лекција.“
„Мојот тип на маж? Немам тип на маж. Имав здодевен, женкар, шеќер добар, лукав и лош. Мажите всушност се добра работа, ги сакам сите!“
„Љубовта се случува кога се случува, но кога се случува не чека.“
„Кутрата Џен таа е толку несреќна во љубовта... пишуваат таблоидите. Да, живеам без традиционална заедница со сопруг и две деца, но ако не ти се допаѓа само сврти го грбот. Мене ми е добро.“
„Моето омилено хоби ми е да не се сфаќам пресериозно.“
„Нема очај и безнадежност. Што се случило се случило. Јас ги прифаќам сите промени во мојот живот.“
„Јас не сакам девојки кои цимолат и се жалат за отсуството на маж во нивниот живот. Никогаш не ми се допаѓаше Sex and the City и опсесивната потрага по Mr. Big. Јас не верувам во сето тоа.“
С. С. | Црнобело