10 вистини во кои ќе се пронајдете ако имате братучетка блиска како сестра
Во многу семејства братучетките се навистина блиски, дури и како сестри. Ако е тоа случај и кај вас, тогаш вие имате трајна врска која е посилна од заедничката ДНК.
Имате заеднички интерни шеги, ги знаете најсрамните тајни една за друга и сте си свои „партнери во криминалот“ за време на секој семеен собир.
Сигурно и често оние кои не ве знаат добро мислат дека сте сестри и искрено, и на двете ви се допаѓа таа помисла.
Во тој случај, ќе се пронајдете во најмалку една, но веројатно во сите од овие вистини:
1. Често ви велат дека сте сестри
Дури и членовите на семејството коментираат дека сте како сестри, а оние кои не се доволно упатени, се сигурни во тоа, додека не им ја откриете вистината.
2. Се карате како сестри
Се случува едната да сака да го носи фустанот на другата или да се скарате за далечинското и ТВ-програмата, но сето тоа завршува со компромис, бидејќи не можете да бидете лути една на друга.
3. Нејзе ѝ се јавувате прва
Било да имате големи или мали новости, прва личност на која се јавувате е вашата братучетка. Таа пак, се радува или сочувствува исто како нејзе да ѝ се случува тоа.
4. Прашуваат за неа кога не сте заедно
Луѓето се толку навикнати да ве гледаат заедно, што ако сте излезени една по една, сите прашуваат за нејзе. Бидете сигурни дека истото ѝ се случува и неа.
5. Дебатирате која е поомилена на бабата и дедото
Ова трае уште од детството, а вашето семејство често се шегува поради овие дебати. Секако, тие се едни од најомилените семејни анегдоти.
6. Заедно одите на одмор
Кога помислувате на патување, прашањето е само каде, затоа што точно знаете со кого ќе одите.
7. Точно во овој момент имате нешто нејзино кај вас
Кармин, кошула, фустан, чевли... што било.
8. Нејзините родители се како ваши и обратно
Освен што имате длабок однос со братучетката, нејзините родители се однесуваат како да сте и нивна ќерка, а и вашите со нејзе исто така.
9. Се сеќавате на истите филмови кои ги гледавте кога бевте деца
Точно можете да се сетите и на која програма ги давале и кои актери играле, а ако нешто не знаете, тука е таа да ве потсети.
10. Имате интерни шеги
Годините градење длабок однос оставија и еден куп интерни шеги кои вас ви се смешни. Не грижете се, тоа е сосема нормално за таков однос.
Е. Д. | Црнобело