Инспиративни цитати за подобар почеток на 2019-та година

Секој почеток е симбол на надеж дека нешто ќе се смени, а и самите луѓе се посигурни во тоа, поради напливот на самодоверба и еуфорија.

inspirativni-citati-za-podobar-pochetok-na-2019-ta-godina-01.jpg

Речиси и да нема човек кој на почетокот на годината не носи одлуки дека ќе ја направи најдобра досега, па дури и дека ќе придонесе за промена на светот кон подобро.

Но, ги има и тие кои уште во првите денови од јануари ќе почнат да се предомислуваат, со изговори дека секогаш има гужва во теретана или дека немаат толку време за да си дозволат да готват за себе.

Сепак, „букмаркирајте“ ги овие цитати во својот пребарувач, ќе ви притребаат во текот на 2019-та:

„Избери: Живеј го животот чувствувајќи се како да тонеш во кал и неразбирање или излези и пронајди ја својата независност“, Меган Маркл

„Која професија и да ја работиш, треба да си ја разираш и публиката, но и да бидеш спремен да направиш нешта кои другите од твојата индустрија не се спремни да ги направат. Тоа ќе ве направи различни од другите“, Аквафина

inspirativni-citati-za-podobar-pochetok-na-2019-ta-godina-02.jpg

„Сè што правам за својата кариера не е секогаш совршено и некои одлуки ми се погрешни. Секогаш велам дека кога во моментот кога ќе престанам со грешки, тоа е моментот кога ќе престанам да учам, бидејќи веќе сум научила сè“, Мајли Сајрус

„На сите им советувам да не се предаваат на бесот и апатијата, туку да го променат тоа во акција. Затоа што противотров за неправдата е напредокот. Лек за лошата работа е борбата за фер избори, за фер закони, за секоја направена одлука“, Стејси Абрамс

inspirativni-citati-za-podobar-pochetok-na-2019-ta-godina-03.jpg

„Секој од нас има капацитет да биде диктатор или тиранин. Затоа го охрабрувам секој од нас да го дознае тој свој капацитет, но да го искористи за ослободување од стегите кои си ги става себе“, Лаверн Кокс

„За секоја врата која се отвори за мене, јас отворав уште една за другите. Затоа, да се поканиме едни со други. Можеби тогаш ќе се плашиме помалку, ќе носиме помалку погрешни заклучоци, ќе се ослободиме од стереотипите кои нè делат... Не се работи за совршеноста, ниту за тоа каде ќе завршите на крајот. Се работи за вашата моќ да направите да бидете слушнати со својот уникатен глас. А вистински благослов е и да имате желба да ги слушате и другите“, Мишел Обама

inspirativni-citati-za-podobar-pochetok-na-2019-ta-godina-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg