„Оној кој им е пријател на сите, не е ничиј пријател“, песимистичките цитати на Артур Шопенхауер
„Светот во целина е бесмислен, а животот добива смисла само преку индивидуалниот увид на суштината на нештата“. Ова е тезата на големиот германски филозоф Артур Шопенхауер. Тој е, исто така, познат по ставот дека овој свет е најлош од сите можни светови.
И покрај прекрасниот стил на изразување, Шопенхауер е првенствено етикетиран како песимист и мизантроп. Тој сметал дека светот е манифестација на безумна слепа волја која се манифестира преку страдањето како главната поента на животот.
Сепак, Шопенхауер бил голем почитувач на уметноста, а најмногу на музиката, и сметал дека преку неа човекот барем привремено може да пронајде мир од страдањето кое е неминовно.
Прочитајте ги неговите најинтересни цитати за животот, љубовта, пријателството:
1. Главниот предмет за изучување кај младите мора да биде оној во којшто ќе го совладаат поднесувањето на самотијата: таа е всушност извор на среќа и душевен мир.
2. Во староста човекот подобро се чува од несреќите, во младоста подобро ги поднесува.
3. Постојат малку работи кои повеќе ќе ги одоброволат луѓето, отколку моментот кога ќе раскажете колку голема несреќа ве снашла неодамна.
4. Богатството е слично на морската вода – колку повеќе пиеме, толку повеќе сме жедни за уште.
5. Судбината ги меша картите, а ние играме.
6. „Тој е многу недруштвен“, практично значи: „Тој е човек со големи квалитети“.
7. Зошто обичните луѓе се толку друштвени и приспособливи? Затоа што полесно ги поднесуваат другите, отколку самите себе.
8. Да простиш и да заборавиш значи стекнатото драгоцено искуство да го фрлиш низ прозорецот.
9. Најголемата од сите лудости е да си го жртвуваш здравјето, за што и да било: поради стекнувањето имот, поради напредувањето во работата, поради наука, или слава, а да не зборуваме за сладоста на краткотрајните уживања, што е уште побитно – сè треба да подредите во животот за здравјето да ви биде приоритет.
10. Кај поголемиот дел од луѓето слободното време е исполнето со длабоки уживања и лудории или досада и тапост.
11. Честа е, објективно гледано мислењето кое другите го имаат за нас, а субјективно нашиот страв од туѓото мислење.
12. Да ја признаете туѓата вредност, прво треба да имате сопствена.
13. Убавината е отворено препорачано писмо кое за нас однапред ги придобива срцата.
14. Некој е, да речеме, млад, убав, богат и ценет, па да се запрашаме, кога сакаме да ја оцениме неговата среќа, дали е поради тоа ведар, но ако навистина е, и покрај немањето на овие карактеристики, сеедно е дали е млад или стар, зачмаен или грбав, сиромашен или богат–тој е едноставно среќен.
15. Будалата трча по уживањата во животот и сфаќа дека е прелажан. Мудриот ги избегнува неволјите.
16. Кој сака да му поверуваат на зборовите треба да ги каже ладнокрвно и без страст.
17. Љубомората секогаш се раѓа со љубовта, но не секогаш умира со неа.
18. Оној кој им е пријател на сите, не е ничиј пријател.
19. Разумот може да го замени скоро секој степен на образованието, но образованието не може да го замени разумот.
(О)Милена | Црнобело