Чуден однос со Мајкл Џексон, дрога: 10 мрачни факти за животот на Меколи Калкин
Откако се раздели со Мила Кунис си фати девојка што личи на неа
Малите слатки бринети изгледа му се слабост. По раскинувањето на 9-годишната врска со Кунис, Меколи бил комплетно уништен, па ова му било начин за утеха.
Мрази папараци
Тој е паметен и шеговит и навистина во текот на годините се бореше со зависноста од дрога, но ги мрази трач медиумите затоа што понекогаш јавуваат како „шмркал“ кокаин во јавен тоалет во Париз, додека тој всушност ја минал ноќта во Њујорк.
Шета навечер сам
Не му е комфорно кога е во фокусот на вниманието, а тоа се гледа и по неговиот израз на папарацо фотките.
Обожава да шета навечер, кога има мир и тишина, на страна од љубопитните погледи. Често носи очила за сонце за да не го препознаат.
Фотографија од него во домот на Мајкл Џексон
При претресот на домот на пејачот поради обвинувања за педофилија во плакарот кој бил „тајно место“ пронајдена е фотографија од Меколи.
Наводно таа била потпишана од Меколи со „Не ме оставај сам во куќата“ со фраза од филмот што го направи мега ѕвезда „Home Alone“, но многумина оваа ситуација ја протолкуваа поинаку.
Има нешто посебно во него, а тој го мрази вниманието
Неговата поранешна девојка Мила Кунис за него има изјавено: „Со него не можете да одите нормално по улица има нешто што фатално ги привлекува сите, фановите врескаат по него, не знаат како да реагираат на него“.
Прочитајте и Ѕвездата на „Сам дома“ проговори за контроверзното пријателство со Мајкл Џексон!
С. С. | Црнобело