Интересни факти за најкраткиот ден во годината
Годинава на 21 декември го имаме најкраткиот ден во 2018-та, по што после него денот ќе почне да расте, а ноќта да се намалува.
Што го прави овој ден посебен?
Датумот
Датумот варира меѓу 20 и 23 декември, а 21 и 22 се најчести денови во кои се паѓа најкраткиот ден во годината.
Причина за ова е таканаречената тропска година, односно времето потребно за сонцето да се врати до истата точка од каде „тргнало“ лани. Според калкулациите, следен најкраток ден што ќе се случи на 20 декември е во 2080-та, додека на 23 декември ќе се случи во 2303-та.
Се работи само за краток момент
Појавата сонцестој или солстициј во зима се вика краткоденица и се случува во еден точен момент, кога Северниот пол е најдалеку од Сонцето. Во 2017-та ова се случило во 16:28 часот по координирано универзално време.
Во северната хемисфера тогаш денот е најкраток, а ноќта најдолга
Оваа појава уште се нарекува и зимски екстрем. Во Њујорк имаат 9 часови и 15 минути ден, во Хелсинки 5 часови и 49 минути, а во Бароу на Алјаска сонцето воопшто нема да изгрее. Ситуацијата ќе биде обратна на јужната хемисфера.
Античките култури сонцестојот го гледале како време на смрт и ново раѓање
Старите култури и племиња имале одредена стравопочит кон овој ден. Според нивните верувања, на овој ден умирало старото сонце и се раѓало новото.
Стонухенџ е подреден според зимскиот сонцестој
Познатиот мистериозен споменик е подреден според зимскиот сонцестој. Постојат теории дека луѓето кои доаѓале на ова место биле религиски посветени на сонцето и неговото изгревање.
На овој ден се шетаат лоши и мрачни сили
Некои традиции сè уште веруваат дека за време на најкраткиот ден, по Земјата шетаат духови и мрачни сили. Постојат и такви кои остануваат будни цела ноќ, си одат на гости и прават гозби и прослави.
Е. Д. | Црнобело