Цитати за смирување и охрабрување: 20 реченици кои секогаш ќе ви помогнат да го најдете својот пат
Верувајте му ја својот инстинкт. Кога внатрешното чувство ве скокотка или боцка, тогаш обрнете внимание.
Секој од време на време губи желба и мотивација. Понекогаш се чудите сами на себе како до пред недела дена сте имале сила и желба да научите нови работи, а сега не ви е до ништо од тоа.
Тоа е нормално, ако трае само одредено време.
Еве 20 реченици кои ќе ви помогнат да се смирите и охрабрите, да продолжите понатаму:
1. Верувајте му на својот инстинкт. Кога вашето внатрешно чувство ве скокотка или боцка, тогаш обрнете внимание. Вашето тело, несвесно, знае подобро од вас кога нешто е исправно или е погрешно.
2. Животот можете да го сфатите како видео-игра: Кога ќе се промени нивото, вие ќе морате да се прилагодите.
3. Набљудувајте, слушајте, забележувајте сѐ околу вас, бидејќи сѐ се наоѓа во ситните детали.
4. Новата, поширока перспектива најчесто доаѓа кога не сте среде некоја ситуација или проблем.
5. Луѓето не се обидуваат да ве повредат намерно. Обично нивните дела се мотивирани од нивните лични интереси, а не од злоба.
6. Најдобрите врски и односи се како врвно вино: како времето изминува стануваат сѐ подобри и подобри.
7. Морате да имате причина за живот. Ако вашето ЗОШТО е доволно силно, тогаш и вашето КАКО ќе дојде на право место. Така секогаш ќе најдете начин.
8. Ако се прашувате зошто е толку важно да го правите она што го сакате, тоа е затоа што работата зема многу голем дел од нашите животи. Поголемиот дел од нашите најпродуктивни часови се потрошени на работа, затоа за да го сакате својот живот, морате и да го сакате она што го правите за пари.
9. Првиот впечаток е важен, но репутацијата се гради цел живот.
10. Нема да запознаете некого вистински додека не го видите како реагира во различни и тешки ситуации. Тоа исто важи и за вас кога ќе се запознаете самите себеси.