Цитати за смирување и охрабрување: 20 реченици кои секогаш ќе ви помогнат да го најдете својот пат
11. Не е лесно да се развиваат вештините. Како и за сѐ останато во животот, потребна е работа, време и повторно работа.
12. Работете напорно, но секогаш најдете време за себе да се забавувате.
13. Способноста да ги убедите луѓето и талентот добро да раскажете приказна ќе ве однесат понатаму до било кој избор или вештина, кои патем можете да ги развивате.
14. Ограничете ги материјалните работи. Колку повеќе работи поседувате, толку повеќе работи ќе ве поседуваат вас.
15. Патувањата можат да направат животот да изгледа подолг. Секое искуство на некое ново и непознато место се чини многу поинтересно и подобро се запаметува отколку некое место кое од претходно ви е познато.
16. Ставот е сѐ, а тајмингот е сѐ останато.
17. Развивајте го „детекторот за глупости“. Тоа е најкорисната технологија во која може да инвестирате.
18. Никогаш нема да имате совршената информација пред да ја донесете главната одлука.
19. Самодовербата доаѓа по акумулацијата на успехот. Ќе ви треба самодоверба да направите нешто важно во животот, затоа рано почнете да собирате мали успеси и потврди.
20. Постои едно правило 80/20, кое вели дека околу 80% од последиците доаѓаат на 20% од причинителите. Ова правило може да се примени буквално на сѐ.
М. П. | Црнобело