„Не обидувај се да ја научиш свињата да пее, ќе го изгубиш времето, а таа само ќе гровта“ - најдоброто од Антони де Мело

Језуитски свештеник, психотерапевт и писател кој се прославил со неговите книги и конференциите за духовноста.

Najdobroto-od-Antoni-de-Melo-01.jpg

Антони де Мело бил роден на 4 септември, 1931 година во Бомбај, Индија. Во текот на неговиот живот достигнал меѓународно признание како духовен водач, писател и јавен говорник.

Мело силно верувал дека поголемиот дел од луѓето едноставно се заспани и мора да се разбудат и да станат свесни што има во и околу нив:

 1. Целиот свет е луд. Единствената причина поради која не сме затворени во лудница е затоа што нè има премногу.

 2. Само кога ни е доста, кога ни е навистина доста од сè, се отвора излез.

 3. Зошто не се сконцентрирате на сегашноста, наместо да се надевате на подобра иднина?

 4. Овие нешта ќе го уништат човечкиот род: политиката без принципи, напредокот без сочувство, богатството без работа, учењето без тишина, религијата без бестрашност и обожавањето без свесност.

 5. Не обидувај се да ја научиш свињата да пее, само ќе си го изгубиш времето, а таа само ќе гровта.

 6. Кога ќе се ослободите од стравот од неуспех и тензијата за постигнување успех, вие можете да бидете ВИЕ. Опуштете се. Повеќе нема да возите со притиснати сопирачки.

 7. Не барај од светот да се смени, смени се прво ти.

 8. Кога ќе увидиш дека не си толку мудар денеска како што мислеше вчера, ти всушност си помудар.

 9. Луѓето кои се во потрага по лек, под услов да не почувствуваат болка се слични со оние кои сакаат напредок, под услов никогаш да не се променат.

10. Мора да сфатите драги мои, дека најкраткото растојание помеѓу вистината и човечкото суштество е приказната.

11. Кога мудрецот ќе ја посочи месечината, она што идиотот го гледа е прстот.

12. Просветлувањето е апсолутна соработка со неизбежното.

13. Бог ги скрива работите на тој начин што ги поставува пред нашите очи.

14. Ние се плашиме од непознатото. Не можеме да се плашиме од нешто што не ни е познато. Во суштина се плашиме да не го изгубиме она што ни е познато, ете од што се плашиме.

15. Постојат две причини за тага во животот: кога нема да го оствариме она што силно го посакуваме и кога ќе го оствариме.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg