„Тагата е како старица која продава каранфили по кафеаните“ – најдобрите цитати на Ѓорѓе Балашевиќ
Непоправливиот носталгичар, сонувач и романтичар, Ѓорѓе Балашевиќ е роден на 11 мај, 1953 година во Нови Сад. Најпознатиот српски кантавтор, пејач и глумец бил член на групите Жетва и Рани мраз.
Од 1982 година ја започнува својата соло кариера, а има објавено вкупно 14 албуми. Глумел и во неколку ТВ серии за кои ја напишал и музиката.
Нам ни е омилен поради текстовите кои се толку длабоки, реални и емотивни што допираат до срцето.
Прочитајте неколку од неговите најдобри цитати и размислувања:
1. Луѓето се како школки–мораш да отвориш илјадници за да пронајдеш бисер.
2. Можеби не сум експерт веднаш да ги проценам луѓето, но дозволувам нивните јазици да им го одредат местото во мојот живот.
3. Дамите бираат. И тоа како… вообичаено избираат багабонти.
4. Ја чувам, безбедна е, а сепак ѝ пружам малку слобода, а многу љубов и разбирање. Знаеш, еден ден би сакал моето дете да ја нарекува мама.
5. Има тишини на кои се сеќавам повеќе отколку на најубавите зборови.
6. Едно е кога копнееш по некого кој е далеку, а сосема друго кога копнееш за некој покрај тебе.
7. Постојат милион градови во кои можеш да заминеш, но само еден во кој можеш да се вратиш.
8. Измислија милион начини како времето да пројде, а ниту еден како да запре.
9. Сè што има да се каже може да се собере во помалку од 5 минути… дури тогаш ја проживуваш песната, ја сфаќаш нејзината вистинска вредност и генијалност… животот е баш без врска… и времето… и луѓето.
10. Вистинскиот маж со кого ќе опстоите нема да го препознаете по изгледот, дипломата, интелигенцијата. Вистинскиот ќе го препознаете по начинот на кој ви ја држи раката, како ве бакнува, како ве гушка – не прецврсто да не останете без здив, ниту прелабавo да исчезнете без трага. Вистинскиот ве држи токму онака како што треба, да знаете чија сте.
11. Јас сум сонувач. Верувам во невозможното. Верувам во она „но“ секој пат кога ќе ми речат да не се залажувам. Бидејќи невозможното станува возможно, доколку доволно го сакаш.
12. Со тагата едноставно треба да умееш да се справиш. Тагата е како старица која продава каранфили по кафеаните, упорно мораш да се преправаш дека не ја забележуваш, па кога-тогаш ќе се заврти и ќе си замине, иако во првиот момент ќе ти се чини дека засекогаш ќе остане да плаче покрај масата. И внимавај, ѝ подариш ли макар трошка внимание нема да се смири додека не ти ја продаде целата кошница и потоа си готов. Бидејќи Тагата никогаш не го заборава лицето на галантниот купувач. И никогаш повеќе нема да те заобиколи.
13. Еден ден ќе застанете на средината на некоја добро позната улица, ќе погледнете кон небото и ќе сфатите зошто сè се случи баш така. Длабоко ќе вдишете од новиот живот и со храбри чекори ќе продолжите понатаму и најпосле ќе сфатите дека животот е премногу краток да бидете несреќни.
14. Кога некој навистина ти значи, неговите грешки не ги менуваат твоите чувства, бидејќи разумот ќе се налути, но на срцето сè уште му значи.
(О)Милена | Црнобело