Дијамант од путер од кикирики? Факти за храната кои ќе ве воодушеват или згрозат
За некои видови храна подобро е да не го знаете потеклото или нуспродуктот кој останува по нивното производство.
Со помош на овие факти ќе дознаете многу нови информации поврзани со вашата омилена храна, или пак, ќе се откажете засекогаш од нејзиното консумирање.
Може да се направи дијамант од путер од кикирики
Путерот од кикирики е богат со јаглерод и доволно е само со помош на хемиски процес да се „извлече“ кислородот од него. Потоа, останува јаглерод, за кој знаеме дека една од алотропските модификации е дијамантот.
Остригите се живи кога ги јадете
Не се работи за свежа храна, всушност остригите кои ги обожавате уште се живи и умираат внатре во вашиот дигестивен систем. Вкусно, нели?
Секоја банана која ја јадете е клон
Постојат илјадници видови банани во светот, но оние кои ги користиме кај нас се генетски модифицирани и клонирани. Бидејќи немаат семки, мора да се пристапи кон овој процес на нивно размножување.
Ацтеките го користеле чоколадото како валута
Тие многу ги ценеле и какаото и сите производи што доаѓаат од какао. Поради тоа, ги користеле и како средство за трговија.
Медот не се расипува
Медот има ниска влажност и е pH-кисел. Со ова ги исполнува условите да биде нерасиплива храна. Постојат наводи дека археолози наоѓале мед стар со векови, кој сè уште бил добар за јадење.
Покрај медот, не се расипуваат солта, шеќерот и оризот со лушпа.
Морковите биле виолетови
Првите моркови биле многу потенки и имале виолетова нијанса. Со текот на времето, по масовното производство, добилe портокалова боја и форма која денеска ни е позната на сите.
Свежата брусница отскокнува како гумено топче
Всушност, на овој начин се проверува кој плод е свеж, а кој е скапан однатре.
Одгледуваниот лосос е бел, па е обоен розово
Дивиот лосос има розово месо поради тоа што се храни со ракчиња. Одгледувалиштата пак, ги хранат со специјална храна, во која некогаш се додава растителен пигмент, за да се обои месото.
Питата со јаболка не е американска
Иако питата со јаболка ја перципираме како американски продукт, таа е измислена во средновековна Англија, додека пак во Холандија е направена со препознатливото ронливо тесто со путер.
Грозјето експлодира во микробранова печка
Не го правете овој експеримент дома!
Ако се загрее зрно грозје во микробранова печка, тоа ќе експлодира, па дури и ќе се појави светлина. Ова се случува поради малата површина на зрното, кое има мал капацитет за собирање енергија од микробрановите врз чија основа работат овие печки.
Солените крекери се поризични за кариес отколку бонбоните
Бонбоните се штетни за забите, но киселините од солените крекери се многу поштетни отколку шеќерот. Сигурно сте забележале дека кога јадете крекер, ја чувствувате усната шуплина леплива. Тоа е поради конзервансите кои се употребени во текот на производството.
Е. Д. | Црнобело