„Ако не постоеја глупавите луѓе, интернетот ќе беше здодевен“ - 15 забавни цитати за глупавите луѓе

Дали некогаш ви се случило да ви падне срам од туѓите неинтелигентни изјави?

15-zabavni-citati-za-glupavite-lugje-01.jpg

Дали сте помислиле како некои луѓе навистина немаат кликер и не ве разбираат што им зборувате? И на крај нема друго решение туку само кревате раце затоа што сфаќате дека едноставно не сте на иста бранова должина...

Ако е така, тогаш сигурно ќе ви се допаднат следниве цитати:

„Сметам дека глупавите луѓе се ставени на оваа планета за да ги тестираат моите способности да си го контролирам бесот.“

„Извини ако ти ги повредив чувствата кога те нареков глупав. Мислев дека веќе го знаеш тоа.“

„Живееме во ера на паметни телефони и глупави луѓе.“

„Никогаш не ја потценувај моќта на глупавите луѓе во големи групи.“

„Без глупавите луѓе ќе немаше на што да се смееме.“

„Јас сум одговорен за тоа што го кажувам. Јас не сум одговорен за тоа што ќе разбереш ти.“

„Губам трага колку пати во денот сакам да се свртам и да кажам – Сериозно, не можеш да бидеш толку глупав“.

„Сè што можеш да сториш за некои луѓе е да се надеваш дека глупавоста нема да ја наследат нивните деца.“

15-zabavni-citati-za-glupavite-lugje-02.jpg

„Никогаш не се карај со глупави луѓе, тие ќе те спуштат на нивното ниво и ќе те победат со искуство.“

„Карањето со глупави луѓе е како да се обидуваш да убиеш комарец на твојот образ. Може ќе го убиеш, може не, но сепак ќе си удриш шлаканица.“

„Глупавите луѓе не се иритантни, тие се слободна забава.“

„Проблемот е што паметните луѓе им звучат како луди луѓе на глупавите луѓе.“

„Животот е прекраток за да се караш со глупави луѓе.“

„Само глупавите луѓе не ги менуваат никогаш ставовите.“

„Ако не постоеја глупавите луѓе, интернетот ќе беше здодевен.“

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg