Под притисок за успех: Животни лекции од Палома, ќерката на легендарниот Пикасо

Ќерката на легендарниот Пабло Пикасо добро знае како е да се биде под притисок за успех, поради славниот родител. Иако многумина очекуваа да стане уметник, таа уште од мала знаела дека тоа не ја влече.

pod-pritisok-za-uspeh-zhivotni-lekcii-od-kjerkata-na-legendarniot-pikaso-paloma-01.jpg

Наместо тоа, таа се пронајде во модата и дизајнот, дизајнираше накит за „Тифани“ и создаде неколку прекрасни експериментални парфеми, благодарение на соработката со „Лореал“.

Во нејзината долга и успешна кариера, надвор од сенката на популарниот татко, таа научила многу важни животни лекции, кои често ги споделува со своите фанови:

Не се плаши од неуспех

„Болните и тешки моменти нè прават она што сме, па и подобри од тоа. Или ќе пропаднеш или ќе научиш да преживееш.“

Остани скромен и понизен

„Скромноста е важна. Мора да бидеш доволно скромен за да препознаеш кога грешиш.“

Секогаш може подобро

„Моите родители ме научија дека секогаш можам да бидам подобра, само ако повеќе се потрудам. Никогаш не се штеди себе.“

pod-pritisok-za-uspeh-zhivotni-lekcii-od-kjerkata-na-legendarniot-pikaso-paloma-02.jpg

Заемна почит за бесмртност

„Ова е обострано. 'Тифани' ми дадоа креативна слобода, но јас сум секогаш заинтересирана да се вклопам во нивниот начин на работа.“

Прифатете ги предизвиците

„Ако има предизвици, има и возбуда.“

Клиентот е најважен

„Создавам уметнички дела, но не сум уметник, во смисла дека работам за луѓето кои го носат мојот накит. Сакам тие да бидат среќни. Кога работиш уметност треба и да се прашуваш и да си даваш одговори бидејќи не дизајнираш за себе, туку за оној кој тоа ќе го купи.“

pod-pritisok-za-uspeh-zhivotni-lekcii-od-kjerkata-na-legendarniot-pikaso-paloma-03.jpg

Инспирација има насекаде

„Цело време сум некаде каде се инспирирам, на концерт, во музеј, со пријатели и читам книги. Не се трудам да барам инспирација туку ја оставам сама да дојде. И доаѓа, тогаш кога најмалку ја очекувам.“

Трајни модерни вредности

„Елеганцијата и хуморот - овие вредности секогаш ќе бидат во мода.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg