Инспиративни цитати за секоја нова мајка и нејзиното тело по породувањето
Без оглед како и да се породила, телото на мајката во најголем број случаи веќе никогаш не е истото како претходно.
Некои имаат лузни од царскиот рез, други стрии поради испукувањето на кожата, а на трети им останува голем вишок кожа. Не се мал број случаите во кои самодовербата се разнишува, токму поради постпородилната форма.
За среќа, социјалните мрежи успеаја да ја пренесат пораката на многу мајки низ светот - дека нема ништо лошо во тоа на штотуку породената мајка да ѝ останат вишок килограми и телото целосно да ѝ се смени.
Прочитајте ги овие цитати за инспирација, доколку се соочувате со таков проблем:
„Гледам силна жена која се изборила со неплодноста. Гледам уште една силна жена која страда од постпородилна депресија. Моите лузни ми се богатство и сум горда на моето тело.“
„Испробав различни модели на мидери, но ниту еден не ја врати мојата стара фигура. Сфатив дека телото ми е променето и тоа многу. Не сум совршена, исто како што не е совршено ниту моето постпородилно тело.“
„Гледав жени со дводелни костими за капење кои се мајки на деца помали од една година. Мислев дека нешто не е во ред со мене. По некое време решив да се прифатам таква каква што сум, во мене имаше живот, чудо... Ова сум јас.“
„Зошто мора да има правило како изгледа тело после породување? Мајки, бидете самоуверени и нека ви биде убаво во вашето тело.“
„Бидете нежни кон себе, простете си, бидејќи ќе дојде ден кога ќе се нервирате затоа што сте се нервирале за изгледот на телото.“
„Цел живот го мразев своето тело, но тоа се смени кога останав бремена. Тогаш бев года на него и тоа чувство не ме напуштило до денеска.“
„Само сетете се низ што сè помина вашето тело изминатите девет месеци. Не губете нерви, имате мало бебе во чие растење треба да уживате.“
Е. Д. | Црнобело