Моќни изреки кои можат да го променат вашиот начин на размислување
Дали можеби се уморивте од себе и своите ставови и гледишта? Мислите ли дека дошло време за некаква промена во животот?
Доколку си ги поставувате овие прашања, повеќе од сигурно е дека одговорот е потврден. Понекогаш самите се гушиме во сопствената состојба на умот и успеваме да си поставиме непотребни бариери.
Прочитајте ги следниве цитати, кои можат да ви послужат и за инспирација, но и за да ги смените гледиштата кон светот.
„Посакувам да имаше начин да знаеме дека живееме во старите добри времиња пред всушност да ги напуштиме тие стари добри времиња.“
„Дури и најдолгите денови траат 24 часови.“
„Не уништувајте го вторникот посакувајќи да беше петок.“
„Не правете големи одлуки врз основа на моментални чувства.“
„Ако формулата не ги дава посакуваните резултати, тогаш сменете ја самата формула.“
„Секој со кој се разминуваш прави нешто подобро од тебе. Секој кој го познаваш знае нешто повеќе од тебе. Дури и оние кои ти се чинеле дека се глупави, успеваат да станат добри во некоја работа која ти не умееш да ја направиш.“
„Една капка дожд никогаш не е одговорна за поплавата.“
„Што и да си направил за да се вовлечеш во незавидна ситуација, направи го обратното за да се извлечеш.“
„Мирното море не создава добри морнари.“
Е. Д. | Црнобело