Анџелина најмила убиец за себе? Морничави факти кои ќе ја разбудат вашата мрачна љубопитност
Во секој од нас се крие поголем или помал чудак, кој успеваме да го контролираме со помош на доброто воспитување и почитување на општествените норми.
Кај некои луѓе, но и кај претставници на живиот свет, мрачните страни преовладуваат во даден момент во животот, па се случуваат бизарни нешта.
Како и да е, некои од овие факти можат да ви послужат и како тема за разговор кога сте со друштвото:
1. Анџелина Џоли се обидела да најми убиец за себе, бидејќи мислела дека на семејството ќе им биде полесно да ја убијат, наместо да се самоубие. Тој пак, ја разубедил така што ја замолил да почека барем еден месец и повторно да го исконтактира.
2. По смртта на нивниот син, Линколн и неговата сопруга организирале окултни сеанси во Белата куќа, во обид да контактираат со него.
3. Некои видови клукајдрвци ги клукаат главите на штотуку изведените пилиња, особено на малите гулаби.
4. Во САД барем еднаш неделно се пријавува случај на дете кое случајно испукало од огнено оружје и повредило некој.
5. Во случај доколку лифтот се откачи додека сте во кабината, најголеми шанси за преживување имате доколку легнете на подот на грб.
6. Најмалку 20% од чашите и филџаните што се заеднички во фирмата имаат фекални траги на површината.
7. Ќерката на Пабло Ескобар побарала еднорог за роденден. Тој купил бел коњ и побарал да му се закачат рог на главата и крилја на грбот. По неколку дена коњот умрел од страшна инфекција.
Е. Д. | Црнобело