„Колибата исполнета со смеа е побогата од палатата преполна тага“ – 26 зен мудрости за мир во душата
Бидете трпеливи, обрнете внимание на работите кои се случуваат во секој момент околу вас и сконцентрирајте се на сегашниот миг – сега и тука.
Зен будистичката мудрост дава една сосема поинаква перспектива кон животот и може да ви ги даде одговорите по кои трагате:
1. Искушението да се откажете е најсилно токму пред победата.
2. Целта во животот е да умрете млади, но колку што е можно подоцна.
3. Не зборувај, доколку тоа не ја подобрува тишината.
4. Патувањето од илјада милји започнува со првиот чекор.
5. Силниот човек ги совладува препреките, мудриот човек го поминува целиот пат.
6. Немојте да се плашите од бавно движење, плашете се од застанување.
7. Дури и среќата на будалите – е еден вид на среќа.
8. И да паднете, не значи дека сте го одбрале погрешниот пат.
9. Колибата исполнета со смеа е побогата од палатата преполна тага.
10. Секогаш гледајте ја посветлата страна на работите. Доколку не можете да го сфатите тоа, полирајте го она што го изгубило сјајот, додека не почне пак да свети.
11. Што и да се случува, секогаш се случува во вистинското време.
12. Некој што ви ги истакнува недостатоците, не е нужно ваш непријател. Некој кој зборува за вашите доблести, не значи дека ви е пријател.
13. Немојте да се плашите од она што не го знаете. Плашете се доколку нема да го научите.
14. Добриот учител ќе ви ја отвори вратата, но морате сами да влезете во просторијата.
15. Ветерот завива, но планините остануваат.
16. Живеј мирно, ќе дојде времето кога цветовите сами ќе процветаат.
17. Не постои пријател кој нема маана. Но, доколку започнете да ги барате сите неговите недостатоци, ќе останете без него.
18. Несреќата влегува низ вратата која останала отворена.
19. Никој не се враќа од долго патување како личноста каква што била претходно.
20. Личноста која умее да се зацрвени во лицето, не може да има лошо срце.
22. Подобро е да се биде човек еден ден, отколку илјада години сенка.
23. Вашиот дом е местото каде што мислите ви пронаоѓаат мир.
24. Човекот кој поместува планини е оној кој започнал со носење на најмалите камења.
25. Доколку сте погрешиле, најдобро е само да се насмеете во врска со тоа.
26. Најдоброто време да засадите дрво беше пред 20 години. Другото најдобро време е сега.
(О)Милена | Црнобело