Потта на гладијаторите била афродизијак - занимливости за древниот Рим кои не ги учевме на часовите по историја

Стариот Рим и неговата цивилизација и до денешен ден ги воодушевуваат историчарите низ светот.

neverojatni-zanimlivosti-za-dre01vniot-rim-koi-ne-gi-uchevme-na-chasovi-po-istorija.jpg

Се чини дека тоа е дел од историјата кој е толку богат, што секогаш има нешто ново да се открие и научи. Во тоа време, луѓето живееле во многу поинакви услови од денешните, а некои настани, сфаќања и ритуали се прилично бизарни и шокантни.

Сепак, сето тоа е веќе историја.

Борби на гладијаторите - забава од втор ред

Иако прва асоцијација за Рим се токму гладијаторите, тоа всушност не била примарна забава за римјаните. Тие повеќе сакале да гледаат трки на кочии во Циркус Максимус, каде во публиката имало и до 250.000 луѓе.

neverojatni-zanimlivosti-za-drevniot-rim-koi-ne-gi-uchevme-na-chasovi-po-istorija-02.jpg

Не се потресувале околу смртноста

Просечен животен век во стар Рим бил околу 30 години. Смртноста на новороденчињата била многу висока, а и често жени умирале на породување. Исто така, голем број смртни случаи се последица на тешки болести или убиства.

Римското не е најголемото царство во историјата

Римското царство дало најзначаен придонес во историскиот развој, но по големина е трето по ред, веднаш под Британското и Монголското царство.

neverojatni-zanimlivosti-za-drevniot-rim-koi-ne-gi-uchevme-na-chasovi-po-istorija-03.jpg

Сатурналија - кога робовите стануваат господари и обратно

Еднаш годишно, на празникот Сатурналија, робовите и владетелите си ги менувале улогите. Овие настани биле раскошни, но резервирани само за римските елити.

Имале многу богови посветени на тоалетот

Тоалетите биле луксуз во тоа време, но римјаните сепак имале некаква канализација. Но, тоа не ги спречило да имаат богови на канализацијата, тоалетите и изметот.

neverojatni-zanimlivosti-za-drevniot-rim-koi-ne-gi-uchevme-na-chasovi-po-istorija-05.jpg

Имале заеднички јавни тоалети и делеле сè

Мермерни клупи со дупки, вака изгледале некогашните тоалети каде старите римјани вршеле „долга нужда“. Она што е бизарно е дека користеле долг стап со сунѓер на врвот за бришење, кој само се перел во вода пред да го користи некој друг.

Пот од гладијатор како лек и козметика

Наводно, жените од стариот Рим биле опседнати со потта на гладијаторите. Тие верувале дека ако се мачкаат со нивната пот, ќе имаат нежна кожа, ја сметале како афродизијак, а мислеле и дека неколку капки гладијаторска крв лечат епилепсија.

neverojatni-zanimlivosti-za-drevniot-rim-koi-ne-gi-uchevme-na-chasovi-po-istorija-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg