Длабочина од 90 метри, најважен европски пловен пат: Интересни факти за реката Дунав

Дунав е река која минува низ десет држави и е симбол на поврзувањето на овие народи.

dlabochina-od-90-metri-najvazhen-evropski-ploven-pat-interesni-fakti-za-rekata-dunav-01.jpg

Поради својата значајност за сите држави низ кои тече, но и за цела Европа, Дунав со право може да се нарече величенствена река.

Ова се неколку интересни факти за нејзе:

1. Дунав е втора најдолга река во Европа

Најдолга река во Европа е Волга, со воден тек од 3.692 километри. Дунав пак има воден тек од 2.860 километри и тече од Германија до Украина.

2. Од Германија, Дунав тече до Црното Море

Поради долгиот тек, Дунав била место каде се одвивале голем број значајни историски настани. Дунав извира од планината Шварцвалд во Баден-Виртемберг во Германија.

dlabochina-od-90-metri-najvazhen-evropski-ploven-pat-interesni-fakti-za-rekata-dunav-02.jpg

3. На бреговите на Дунав има шест главни градови

Шест главни градови се наоѓаат на реката Дунав и тоа: Виена, Братислава, Будимпешта, Белград, Букурешт и Кишинев.

4. Најдлабоката точка се наоѓа на 90 метри

Најдлабоката точка на Дунав се наоѓа во Романија, каде речното корито е најтесно, но реката е најдлабока, во областа на Казан.

dlabochina-od-90-metri-najvazhen-evropski-ploven-pat-interesni-fakti-za-rekata-dunav-05.jpg

5. На дното на Дунав има многу потонати воени бродови

Во текот на војните во Европа голем број воени бродови пловеле по Дунав за да се спасат или за побрзо да нападнат. Некои од нив биле потопувани, а нивните трупови може да се видат и од бреговите, особено во лето кога водостојот на реката опаѓа.

6. Дунав е река со најмногу имиња

Во Македонија, Србија и Бугарија, како и во поголем дел од јазиците со словенско потекло се наркеува Дунав, Тракијците ја нарекувале Истрос, старите Римјани - Данистер и Данубиус, во совемениот фрчки јазик е Дунавиус, на германски е Донау, Французите ја нарекуваат Ле Даниб, во Будимпешта е позната како Дуна, во словачка Дунај, а во Романија Дунареја.

dlabochina-od-90-metri-najvazhen-evropski-ploven-pat-interesni-fakti-za-rekata-dunav-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Родена е во Шпанија, ја мрази скиентолошката црква – Факти за градоначалничката на Париз „Јас сум функционер избран од народот, а не модел“, изјави Ен Идалго, градоначал...
Бил насилен алкохоличар, се дружел со мафијаши, организирал оргии – Бурниот живот на Френк Синатра Френк Синатра не завршил средно бидејќи бил избркан од училиштето. До 25-годишна...
Забранети се големи роденденски забави – Факти за Таџикистан, една од најсиромашните земји во светот Во Таџикистан е забрането славење роденден со голема забава надвор од домот. Ист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg