Тежат помалку, живеат повеќе: 8 научни факти за есенските бебиња

Есента им е омиленото годишно доба на мноштво мајки. Време за лесни јакнички и комфорни долги панталони, време за пријатни прошетки и време за фини топли напитоци. А, за дел од родителите е и магично време во кое очекуваат на свет да пристигне нивното дете.

tezhat-pomalku-zhiveat-povekje-8-nauchni-fakti-za-esenskite-bebinja-1.png

Знаевте ли дека децата родени во есен се разликуваат по повеќе нешта од останатите? Тие се навистина посебни, а низа занимливи истражувања и го потврдуваат ова. Кои се нивните специфични карактеристики?

tezhat-pomalku-zhiveat-povekje-8-nauchni-fakti-za-esenskite-bebinja-2.jpg

Ова се осумте научни факти за есенските бебиња:

1. Помалку тежат при породувањето.

Според Националната академија на науките во САД, бебињата зачнати помеѓу јануари и мај, имаат помала телесна тежина кога ќе се родат. За идните мајки кои се нервозни во врска со породувањето, ваквата занимливост е сигурно добредојдена.

2. Повисоки се од врсниците.

Според повеќе истражувања, есенските бебиња се малку повисоки од оние родени на пролет, или, пак, во зима. Како научниците го објаснуваат овој факт? Имено, нивните мајки се поизложени на сонце во текот на бременоста, а телата тогаш им произведуваат повеќе витамин D, кој е заслужен за растот и развојот на коските.

Во прилог на ова е податокот дека тие имаат посилни и поотпорни коски. Па, ако се надевате дека вашето дете ќе биде иден кошаркар, можеби имате среќа.

tezhat-pomalku-zhiveat-povekje-8-nauchni-fakti-za-esenskite-bebinja-3.jpg

3. Надарени се за спорт.

Научните студии потврдуваат и дека есенските бебиња, подоцна израснуваат во вистински атлетски типови. Децата кои се раѓаат во септември и ноември се во најдобра форма, по што следат оние што на свет дошле во октомври.

Сигурно вреди да се напомене и дека најголем број од професионалните спортисти се родени на есен.

4. Подолго живеат.

Можеби ова се должи на фактот што мајките поминуваат повеќе време на воздух и летното сонце, односно поактивни се во текот на бременоста, за разлика трудниците во останатите годишни времиња.

Според Националната академија на науките во САД, есенските бебиња живеат од 160 до 219 денови повеќе од другите.

tezhat-pomalku-zhiveat-povekje-8-nauchni-fakti-za-esenskite-bebinja-4.jpg

5. Имаат поголем ризик од астма.

Според научната студија на Универзитетот Вандербилт, кај бебињата родени во есенските месеци постои поголем ризик од астма, во споредба од другите деца. Научниците сметаат дека ова се случува бидејќи во текот на зимата, претежно остануваат дома со затворени прозорци и вклучено греење.

Тоа е една од причините за почеста појава на астма, односно поголема изложеност на алергени (како грини) во првите месеци од  животот.

6. Посклони се кон алергија на храна.

Финскo истражувањe покажа дека бебињата родени во октомври и ноември, изложени се на поголем ризик од развој на алергии на храна, особено јајца и млеко.

Научниците веруваат дека чувствителноста на намирници што содржат алергени, претставува резултат на изложеноста на фетусот на полен, во текот на критичниот период на бременоста.

tezhat-pomalku-zhiveat-povekje-8-nauchni-fakti-za-esenskite-bebinja-5.jpg

7. Постигнуваат подобри академски резултати.

Како што е голема веројатноста дека есенското бебе ќе израсне во врвен спортист, така се големи и шансите да биде и супер ученик. Едно британско истражување, спроведено на 48.000 деца, откри дека најуспешни се учениците родени во септември.

Ова вообичаено да се должи на фактот што тие се меѓу постарите во нивното одделение, физички и ментално се поразвиени кога ќе тргнат на училиште, па се чувствуваат и посигурни во себе.

8. Најмногу бебиња се раѓаат во септември.

Според анализа на податоците од 1994 до 2014 година, истражувачите дошле до заклучок дека септември е месецот во кој се раѓаат најмногу бебиња. Најчестите родендени, пак, се помеѓу 9 и 20 сепрември.

Една од причините е времето на зачнување на есенските бебиња. Се случува во периодот на празниците, кога мнозинството луѓе минуваат повеќе слободно време во кругот на саканите. Според докторите, фактор плус е и што квалитетот на спермата е подобар во зимските одошто летните месеци.

tezhat-pomalku-zhiveat-povekje-8-nauchni-fakti-za-esenskite-bebinja-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
Луѓето емитуваат светлина и уште 6 забавни факти за човечкото тело Во текот на денот, поради влијанието на гравитацијата, 'рбетниот столб малку се ...
Повеќето сајтови се измама – Работи за Dark Web што сигурно не ги знаевте Не секој користи Dark Web за криминал, но навистина е лесно да се „наседне“ на л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg