Мотивациски цитати кои ќе ве кренат од калта со поглед насочен кон ѕвездите

Инспирацијата може да ја црпите од многу места, но ништо не може да биде пореално од зборовите на луѓето кои го поминале трнливиот пат до славата.

Motivaciski-citati-koi-ke-ve-krenat-od-kalta-01.jpg

Нивните зборови се искрени, мудри, вистински мотивациски цитати погодни за моментите кога чувствувате дека немате сила да продолжите понатаму.

Тогаш, сè што ви е потребно се неколку силни зборови од луѓе кои успеале да се извлечат од калта и смело да го насочат погледот кон ѕвездите.

Запаметете, невозможно не е опција:

„Учи од вчерашниот ден, живеј за денес, надевај се за утре. Најважното нешто е да не престанеш да ги преиспитуваш работите“ – Алберт Ајнштајн

„Сите наши соништа може да се остварат, доколку имаме храброст да ги следиме“.

„Не е важно колку бавно се движиш, сè додека не запираш“ – Конфучиј

„Успех е да се чекори од неуспех во неуспех, без да се загуби ентузијазмот“ – Винстон Черчил

„Некој денес си седи под сенка, бидејќи засадил дрво многу одамна“ – Ворен Вафет

„Успех? Не знам што значи тој збор. Јас сум среќен. За мене, успехот значи внатрешен мир. Тоа за мене е добар ден“ – Дензел Вашингтон.

„Живееш само еднаш, но доколку го направиш како што треба, и еднаш е доволно“ – Меј Вест

„Можностите не се случуваат сами. Ти ги создаваш“ – Крис Гросер

„Не преживуваат најсилните од видовите, ниту пак најинтелигентните, туку оние кои најдобро се адаптираат на промени“ – Чарлс Дарвин

„Големите умови дискутираат идеи, просечните дискутираат настани, малите умови дискутираат за луѓе“ – Еленор Рузвелт.

„Најдобрата одмазда е огромен успех“ – Френк Синатра

„Не доживеав неуспех. Пронајдов 10.000 начини кои не функционираат“ – Томас Едисон.

„Доколку поминуваш низ пекол, продолжи да чекориш“ – Винстон Черчил

„За да бидеш незаменлив, мора секогаш да бидеш различен“ – Коко Шанел

„Доколку сакате виножито, мора да го преживеете дождот“ – Доли Партон

„Колку повеќе живеам, толку поубав станува животот“ – Френк Лојд Рајт

„Не можеш да ги задоволиш сите и не можеш да направиш сите да те сакаат“ – Кејти Курик

„Постојат два типа на луѓе кои ќе ги кажат дека не можеш да направиш никаква разлика во светот: оние кои се плашат да го пробаат тоа самите и оние кои се плашат дека ќе успееш“ – Реј Гофорт

„Верувам дека секој човек има ограничен број на срцебиења. Не планирам да потрошам ниту едно од моите“ – Нил Армстронг

„Сè што може да си замислите е реално“ – Пабло Пикасо

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg