Имал ресторан, глумел во ТВ сапуници: Работи кои не ги знаете за латино заводникот Рики Мартин
Неговата свадба наводно траела 3 дена
Во јануари 2018, Рики Мартин откри дека тајно се венчал со Џуан Јосеф, а за прославата изјави дека ќе биде одлична 3-дневна забава – храна, журкање и опоравување.
Двајцата планираа голем настан за да ја прослават љубовта, но нема точни информации, бидејќи сè се одвиваше тајно.
Пејачот имал и ресторан
Заедно со уште 7 сопственици, Рики имал ресторан наречен „Casa Salsa“, кој бил лоциран во Мајами, но морал да се затвори заради лош интерен менаџмент.
Поседува приватен остров
Рики поседува приватен остров на брегот на Рио Жанеиро од 2008-ма, а цената на земјиштето изнесува отприлика 5.5 милиони евра.
Најважното нешто во животот му се децата
Неговите два сина близнаци, Валентино и Матео ги доби од сурогат мајка во 2008-ма година и оттогаш е посветен татко, ги носи децата со него каде што е можно, патуваат заедно и поминуваат многу заедничко време.
Според него, „домот е таму каде што е семејството“, па во последниов период максимално се посветува на тоа.
М. М. | Црнобело