Имал ресторан, глумел во ТВ сапуници: Работи кои не ги знаете за латино заводникот Рики Мартин
Пејач, композитор и актер уште од најмали години – Рики Мартин освен што важи за еден од најзгодните мажи, тој е и многу престижен уметник.
Неговата кариера има достигнато високо ниво на интернационален план, а неговата заводничка страна им е омилена на многу жени на светот, и покрај тоа што е геј.
Пејачот е популарен и познат, но сепак постојат работи од неговиот живот за кој можеби не сте знаеле, а ќе ве заинтересираат.
Ако сакате да дознаете нешто повеќе за Рики Мартин, прочитајте неколку факти:
Иако славата ја стекнал во групата Menudo, тој прво бил одбиен
Детската група од Пуерто Рико била многу популарна помеѓу младите, а во 2984-та на 13-годишна возраст, Рики станал дел од неа.
Сепак, иако можеби го знаевте ова, сигурно не сте претпоставувале дека тој бил 3 пати претхондо одбиен, бидејќи бил многу низок за да биде дел од оваа група.
Бил актер во ТВ сапуници
Тој ја започнал кариерата како актер со појавувањето во неколку телевизиски реклами, но на 15-годишна возраст, дебитирал во добро познатата аргентинска серија „Por siempre amigos“.
Во 1991, тој бил дел и од мексиканската серија „Alcanzar una estrella“, а до 2003-та се има појавено во уште неколку серии.
Уметникот вели дека е благодарен на светот и на Мексико, бидејќи неговата слава почната оттаму.
Порториканецот има шпанско потекло
Пејачот побарал шпанско државјанство за да може да се омажи со претходниот партнер, Карлос Гонзалес. Барањето било одобрено во 2011, благодарение на неговата баба која имала шпански корени.
Тој беше прогласен за Маж на годината во 2006
На Латино Греми наградите во 2006-та, тој ја доби наградата за Маж на годината, како заслуга за неговиот успех и неговите одлични дела.
Има сопствена фондација која е непрофитабилна хуманитарна организација
Фондацијата Рики Мартин е основана од пејачот во 2002 и ја осудува трговијата со луѓе, ги штити правата на децата и на младите луѓе.