Зошто бројот 7 се смета за еден од најсреќните?

Дали верувате во нумерологија? Зошто бројот 7 се појавува речиси во сите среќни комбинации на броеви?

zoshto-brojot-7-se-smeta-za-eden-od-najsrekjnite-01.jpg

Ако се разгледа од повеќе аспекти, бројот 7 е навистина посебен. На пример, има седум денови во неделата, виножитото има седум бои, тонската скала има седум основни ноти, во светот има седум континенти, а и многу игри на среќа, на пример лото, се поврзани токму со овој број.

Божествениот број

Луѓето кои се посветени на духовноста, од најстари племиња, па до денеска, веруваат дека бројот 7 носи важна вселенска улога. На некој начин, во многу религии овој број симболизира нешто позитивно и свето.

Неделата е поделена на седум денови во согласност со месечевите мени. Математички, бројот 7 е прост број кој може да се запише како 2^3-1 (2 на трет степен минус 1), што вклучува повеќе математички операции, без оглед што се работи за прост број.

Уште во индиските веди стојат описи на седумте ѕвезди, седумте концентрични континенти и седумте свети течности кои Ариевците ги пиеле во текот на своите обреди.

zoshto-brojot-7-se-smeta-za-eden-od-najsrekjnite-02.jpg

Во египетската митологија, постојат седум патишта до небеста, а во будистичките верувања, штотуку родениот Буда направил седум чекори. Пред да стане република, Рим имал седум кралеви, а исто е изграден и на седум ридови.

Нумеролошки, 7 е збир на 3 односно бројот на духовноста и 4, бројот на материјалното.

Алхемичарите верувале дека има седум етапи на хемиското и духовното прочистување, во древна Јапонија се верувало дека има седум богови кои носат среќа, а во многу традиционални лекови се ставаат по седум состојки. Ирците имаат митски херој со по седум прсти на рацете и седум зеници во секое око.

Во христијанството исто така е значаен. Бог го створи светот за седум денови, Ное доби предупредување за потопот седум денови претходно, а почекал уште седум денови потоа за да ги пушти птиците да најдат копно. Постојат уште библиски приказни поврзани со овој број. Во евангелијата се вели дека Исус учел дека ако некој се кае, треба да му се прости седум пати во тој ден.

zoshto-brojot-7-se-smeta-za-eden-od-najsrekjnite-03.jpg

Исто, значајно е да се спомне дека постојат седум смртни гревови, седум чакри во нашето тело, седум градации на рајот во Исламот... Спиритуалистите веруваат дека наскоро треба да се појават уште две раси луѓе, кои со постоечките пет ќе ги комплетираат седумте раси во светот.

Затоа, доколку почувствувате дека овој број е пречесто околу вас и ве дефинира на повеќе начини, не го отфрлајте. Прифатете го како свој среќен број и верувајте во неговата моќ. Ништо не е случајно, па така ни фасцинацијата од бројот 7.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
15 животни мудрости од кои се водат успешните луѓе (број 8 е клучна) Велат: „Богатите луѓе планираат за три наредни генерации, сиромашните за сабота ...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Се запишале на факултет со лажен идентитет: Што знаеме за ќерките на Владимир Путин? Владимир Путин има две ќерки од првиот брак. Нивните имиња ѝ се познати на јавно...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...
Забранети се големи роденденски забави – Факти за Таџикистан, една од најсиромашните земји во светот Во Таџикистан е забрането славење роденден со голема забава надвор од домот. Ист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg