„Бидете среќни, но никогаш задоволни“ - Mотивациски цитати од најголемиот борец Брус Ли
Брус Ли имаше краток, но многу исполнет и влијателен живот. Го знаеме како личноста којашто го популаризираше кунг фу борбениот стил низ целиот свет.
Тој ја користеше секоја шанса за да сподели животни мудрости со публиката.
Прочитајте неколку од најпознатите мотивациски цитати од Брус Ли и инспирирајте се:
1. „Доколку поминете премногу време размислувајќи за некоја работа, никогаш нема да ја завршите.“
2. „Не сум дојден на овој свет за да ги исполнам вашите очекувања, а ниту пак вие сте дојдени на овој свет за да ги исполните моите.“
3. „Не молете се за лесен живот, молете се за сила да го издржите тешкиот живот.“
4. „Мудриот човек ќе научи повеќе од глупаво прашање, отколку будалата од мудриот одговор.“
5. „Апсорбирајте го она што е корисно, отфрлете го она што е бескорисно и додајте го она што е специфично ваше.“
6. „Грешките секогаш можат да се заборават, доколку имате сила да ги признаете.“
7. „По ѓаволите со околностите, јас создавам шанси.“
8. „Не се плашам од човекот којшто извежбал 10.000 удари по еднаш, но се плашам од човекот којшто вежбал еден удар 10.000 пати.“
9. „Вистинскиот живот е за другите.“
10. „Колку повеќе ги вреднуваме работите, толку помалку се вреднуваме себеси.“
11. „Доколку го сакате животот, не губете време, бидејќи времето е она од што се состои животот.“
12. „Фалењето е идејата за слава на будалата.“
13. „Животните битки не секогаш ги добива најсилниот или најбрзиот. Кога тогаш оној што ќе победи ќе биде оној што верува дека може.“
14. „Успешниот воин е просечниот човек, со ласерски фокус.“
15. „Знаењето не е доволно, мора истото да се примени. Желбата не е доволна, мора и да реагираме.“
16. „Во средината на целиот хаос лежи шансата.“
17. „Лесно е да се критикува и да се уништи духот на другите, но да се спознаете себе, за тоа треба цел живот.“
18. „Бидете среќни, но никогаш задоволни.“
19. „Секогаш бидете свои, изразувајте се, имајте верба во себе, не барајте успешни личности обидувајќи се да ги имитирате.“
20. „Клучот на вечноста е најпрвин да живеете живот којшто вреди да се запамети.“
21. „Мора да бидете без форма, како водата. Кога истурате вода во чаша, таа станува чаша. Кога истурате вода во шише, таа станува шише. Кога истурате вода во чајник, таа станува чајник. Водата може да капе и може да се урне наеднаш. Биди како водата, пријателе.“
(О)Милена | Црнобело