Историски настани кои создаваат збунувачка перцепција за времето
Кога би ги ставиле некои настани на временска оска, ќе сфатиме дека нашата перцепција на времето можеби е малку искривена.
Веќе на сите ни се познати фактите дека Клеопатра е историски поблиску до отворањето на „Пица Хат“ отколку до изградбата на пирамидите или дека првиот филм од „Star Wars“ излезе кога Франција сè уште погубуваше луѓе на гилотина. Исто така, пирамидите се градени кога мамутите сè уште се движеле по планетава.
Но, постојат уште многу други историски моменти кои се блиску или далеку едни од други. Благодарение на нив сфаќаме дека нашата перцепција за време можеби е малку искривена.
Еве кои се тие:
1. Фасцинантен факт: Ако историјата на Земјата се пренесе пропорционално во една календарска година, тогаш луѓето би се појавиле на 31 декември во 23 часот.
2. 10-тиот претседател на САД, Џон Тајлер, роден во 1790 година има двајца живи внуци.
Тајлер имал 63 години кога е роден син му Лајон, кој пак имал 71 година кога Лајон Џуниор се родил во 1924, односно 75 кога се родил син му Харисон во 1928 година.
И Лајон Џуниор и Харисон сè уште се живи.
3. Мерилин Монро и Кралицата Елизабета втора се родени во иста година.
Всушност, тие се сретнале во 1956 година, кога и двете имале по 30 години, на премиера на филм во Лондон.
Во тоа време, Елизабета веќе била крунисана кралица.
4. Желката Хариет која умре во 2006 беше единственото живо суштество во тој момент кое го имаше сретнато Чарлс Дарвин во живо.
Нејзе Дарвин ја земал од Галапагос и ја донел прво во Англија, а потоа и во Австралија.
Последни кои се грижеле за неа беа семејството Ирвин. Хариет всушност почина во нивната зоолошка градина.
5. Универзитетот Оксфорд е постар од царството на Ацтеките.
Точниот датум на основањето на Оксфорд не е познато, но постојат записи од одржани предавања уште од 1096 година. Царството на Ацтеките, од друга страна, е создадено во 1428 година.
6. Џорџ Вашингтон никогаш не дознал дека постоеле диносауруси.
Поранешниот претседател починал во 1799 година, а првиот фосилен остаток од диносаурус е откриен во 1824 година.
7. Ана Франк и Мартин Лутер Кинг Џуниор се родени во иста година.
И Ана и Мартин се родени 1929 година, со тоа што Ана постхумно стекна популарност благодарение на записите кои ги криела од 1942 до 1944 година. Мартин Лутер Кинг Џуниор во јавноста бил активен од 1954 до 1968 година.
8. Подземната железница во Лондон веќе постоела пет години, кога во Британија било извршено последното јавно егзекутирање со бесење, во 1868 година.
9. Принцезата Дијана и Мајка Тереза починаа само неколку дена една по друга.
Многумина од нас се сеќаваат на овие два настана, кога во помалку од една недела светот остана без две од наголемите хуманистки на тоа време. Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа, а Мајка Тереза почина по кратко боледување.
10. Синџирот ресторани Мекдоналдс е основан пет дена пред првите затвореници да пристигнат во концентрациониот логор Аушвиц.
11. Во првите години од работата на Харвард не се учело калкулус, бидејќи калуклусот уште не ни постоел како наука.
Харвард е отворен во 1636 година, додека модерниот калкулус се развивал во доцните години од 17-тиот век, на територија на Европа.
12. Ајфеловата кула и „Ѕвездената ноќ“ на Ван Гог се еднакво „стари“. Кулата била целосно изградена во 1889 година, кога Ван Гог го насликал и своето ремек дело.
13. Мајкрософт е основан и почнал со работа, додека Шпанија уште била под фашистичка диктатура, во 1975 година.Последниот дел од „Хари Потер“ и првиот Ајфон исто така се „генерација“. „Хари Потер и реликвиите на смртта“ излезе од печат во 2007 година, а истата година Џобс го презентираше првиот модел на Ајфон.
Е. Д. | Црнобело