10 факти за мегапопуларните ABBA и членовите на бендот
По победата на Евровизија, ABBA станаа глобален музички феномен кој и до денеска нема изгубено нималку од популарноста.
Успехот на двата „Mamma Mia“ филма доволно зборува за тоа дека ABBA сè уште се атрактивни, а нивните рефрени се безвременски.
Нивната деценија на активност и успеси, од 1972 до 1982 остави значајна трага врз светската поп-сцена.
Ова се неколку факти за бендот кои се помалку познати:
1. Името на бендот и кавијарот
Иако ABBA е акроним од Ањета, Бјорн, Бени и Ани Фрид, тие морале да добијат дозвола за користење од компанија која произведувала кавијар и други продукти од риба.
Тие веќе го имале заштитено името ABBA, но без проблем дозволиле и бендот да се вика така.
2. Облеката и даночното ослободување
Меѓу другото, овој бенд е познат и по впечатливата облека, која била нетипична за нивното време.
Олеснителна околност при набавувањето на ваквите костуми била што истите не се даночеле, иако секој член си плаќал данок на државата од заработките од настапите.
3. Не сите членови се Швеѓани
Иако важат за шведски бенд, а ѝ донесоа победа на Шведска на Евровизија, всушност Ани Фрид Лингстад е родена во Норвешка.
Подоцна, во текот на детството се преселила во Шведска.
4. Спотовите ги работел реномиран режисер
Најголемиот дел од спотовите на ABBA ги режирал Ласе Халстром, кој е двократен добитник на Оскар за најдобра режија, еднаш во 1988 и еднаш во 2000 година.
5. Голем број важни музички достигнувања
И покрај големиот успех, посетеноста на концертите и платинестите албуми, ABBA никогаш, до 2008 година, не успеале да бидат на прво место на американските топ-листи.
Ситуацијата се смени во 2008 година, кога излезе албумот со песни од ABBA, употребени во филмот „Mamma Mia“.
6. Дополнителни ангажмани
Членовите на бендот секогаш имале и дополнителни ангажмани и како поединци и како група.
Едно од најпознатите е рекламата за храна за бебиња, кога покрај членовите од бендот учествувала и ќерката на Бени и Ањета, која тогаш била бебе.
7. Хонорарите од СССР
Популарноста на ABBA не изостана ниту на територијата на поранешниот Советски сојуз.
Но, поради ембаргото од западните земји и неможноста да се сменат рубљите во менувачници, тие своите хонорари ги добивале во овошје и зеленчук, нафта и бибер.
8. Шведски бренд
Во доцните 70-ти, ABBA стана најпопуларен бенд од неанглиско говорно подрачје.
Нивната вредност била економски повисока од таа на Волво во тој период.
9. Подеми и падови
Како и сите луѓе на светот, така и членовите на ABBA имале приватни подеми и падови.
На пример, Ани Фрид во зенитот на популарноста дознала дека нејзиниот татко, припадник на единиците на Хитлер, е всушност жив. Потоа, се омажила за германскиот принц Хајнрих Ројс.
Другите членови биле тажни што поради настапите и турнеите не можеле да поминат доволно време со своите семејства.
10. ABBA сè уште живее низ другите музичари
Неретко новите музичари користат основни ноти од песните на ABBA за своите хитови, а некои дури и земаат цели семплови.
Тоа го направи Мадона во големиот хит „Hang up“, чија основа е „Gimme, gimme, gimme! A Man After Midnight“.
Исто така, популарни се и верзиите на песните кои се користени во „Mamma Mia“ и „Mamma Mia! Here We Go Again“.
Е. Д. | Црнобело