10 животни лекции според кои се води Ким Катрал и ќе ве инспирираат
Зад себе актерката има повеќе од 80 одиграни улоги, а најпозната е секако, по ликот Саманта Џонс од „Сексот и градот“.
Познатата актерка Ким Катрал има исполнет живот и богата кариера, а секако, сето тоа го стекнала низ различни фази во животот. Таа никогаш не ги штеди своите животни лекции.
Ова се 10 од најдобрите совети кои таа ги споделила преку своите изјави и интервјуа:
1. Бидете свои и радувајте се на тоа. Следете го ритамот на сопствените инструменти.
2. Тоа е твое тело и твој живот. Прави го она што сакаш да го правиш.
3. Голем дел од мојот живот беше осамен. Фантастичен, но сепак осамен.
4. Секогаш верувам дека она што е малку е всушност повеќе.
5. Животот е кога го следиш срцето каде те води. Барем јас тоа го правам.
6. Доволни се три секунди за да знаеш дали некого сакаш во својот живот.
7. Многу се забавував во младоста и уште се чувствувам млада, но немам желба да изгледам како да имам 20 години.
8. Нема потреба да се чувствувате поразено во втората половина од својот живот.
9. Цел живот сум на диета бидејќи имам голем апетит.
10. Во животот и кариерата сакам што полесно да го прифатам стареењето, затоа што мислам дека е забавно и интересно.
Е. Д. | Црнобело