Најактивен кралски припадник, обид за киднапирање: Која е принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета?
Таа целиот свој живот е дел од кралските настани, но никогаш не е во прв план и во фокусот на медиумите. Како изгледа животот на ќерката на кралицата Елизабета?
Ќерката на кралицата Елизабета, принцезата Ана е родена на 15-ти август 1950 година и беше втора во линијата за тронот, веднаш по нејзиниот постар брат, принцот Чарлс, но по добивањето помлади браќа, а сега и по доаѓањето на свет на принцот Луи, таа е 13-та.
Титула
Како ќерка на монарх, по раѓањето Ана веднаш станала принцеза, но во 1987 година нејзината мајка ѝ ја доделила титулата кралска принцеза (Princess Royal). Оваа титула најверојатно ќе ја добие и принцезата Шарлот, кога нејзиниот татко Вилијам ќе стане крал.
Брак и деца
Ана има два брака, две деца и четири внучиња. Со вториот сопруг Тимоти Лоренс, пензиониран британски поморски офицер, во брак е од 1992 година.
Работа
Од 18 години Ана е пред очите на јавноста и активно ги извршува своите кралски должности. Вклучена е во 300 добротворни организации, а минатата година минала 179 дена комплетно посветена на кралските ангажмани, што ја прави една од најактивните и најпосветени членови на кралското семејство.
Обожава јавање на коњи, а во 1974 година 26-годишен маж со ментални проблеми се обидел да ја киднапира, но нејзиниот непоколеблив став, како и одличното обезбедување ја спречиле оваа немила епизода.
Тој ја држел затворена во автомобил и имал пиштол. Полицијата потоа откри дека Ана во оваа ситуација се однесувала неверојатно храбро.
С. С. | Црнобело