9 чудни правила кои кралското семејство мора да ги почитува при патување
Пасошка контрола
Тие треба да имаат пасоши и да минат на пасошката контрола како и сите други патници. Дури и на малиот принц Џорџ му беше изваден пасош за едно патување во Австралија. Но, се разбира тие не стојат во ред со другите, туку брзо поминуваат при контролата.
Само на кралицата Елизабета не ѝ е потребен пасош. При влезот и излезот од Велика Британија мора да ги каже своето име, презиме, адреса, државјанство, пол и место на раѓање.
Два наследници на тронот не смеат да бидат на ист лет
Кралскиот протокол не дозволува два наследници на тронот на ист лет за кралското семејство да биде заштитено.
За да го направат ова потребно е да побараат дозвола од кралицата, па така принцот Вилијам направи исклучок кога принцот Џорџ имаше само 9 месеци и беше на патување во Австралија и Нов Зеланд со своите родители во 2014 година. Ова го направија и на патувања во Канада, Полска и Германија.
Време за чај
Без разлика како патува, кралицата Елизабета никогаш не менува една нејзина стара навика - традиционалниот пладневен чај. Таа сака англиски појадок и не може без омилениот чај.
Кога патува со воз, незините асистенти ја послужуваат со чај во одредено време. Исто така е и кога сака чаша шампањ пред спиење.
Безбедност
За време на патувањата членовите на кралското семејство секогаш патуваат со специјално обучени луѓе за обезбедување.
Околу 7 до 11 луѓе се грижат за нивниот комфор и безбедност при патување. Плус, на багажот на кралското семејство има специјални ознаки и логоа дека станува збор за кралски багаж.
С. С. | Црнобело