9 чудни правила кои кралското семејство мора да ги почитува при патување
Нивниот буџет за патувања од државата е ограничен, па понекогаш тие користат комерцијални летови. Ако премногу се „луксузираат“, кралицата веднаш ги предупредува.
Членовите на британското кралско семејство постојано патуваат низ светот и најчесто тоа го прават со приватни авиони, но понекогаш мора да патуваат и со комерцијални летови.
Какви правила при патувањата треба да почитуваат тие:
Ограничен буџет
Патувањата на кралското семејство се финансираат од парите од даноците што ги плаќаат граѓаните на Велика Британија, па така приватни летови може да користат кога станува збор за некои патувања поврзани со државни работи, додека во други ситуации летаат како обични патници.
На пример пред некое време принцот Хари и Меган Маркл беа забележни во авион на British Airways за Ница, каде седеа на задниот дел од авионот во близина на тоалетот. Исто така, и принцот Вилијам многу пати е фотографиран како патува со комерцијални летови.
Забрана за луксуз
Принцот Чарлс многу пати досега бил мета на медиумите поради неговата љубов кон луксузни патувања во Италија, Австрија и Романија.
За разлика од нејзиниот син, кралицата Елизабета е поштедлива, па кога се симнува од авион таа за да се држи до буџетот патува со воз. Ако некој од кралското семејство троши премногу на патувања, кралицата веднаш го предупредува.
Изнајмување од пријатели
Кога членовите на кралското семејство не сакаат да патуваат со обичен лет, а сакаат да се држат до буџетот, тогаш позајмуваат приватни авиони од пријатели.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам кога одат на одмор често позајмуваат авион од милијардерот Хју Гросвенор. Иста е ситуацијата и со јахтите.
Професионално vs. приватно
Ситуацијата станува комплицирана кога членовите на кралското семејство ги комбинираат бизнис посетите со одморот. Тогаш ситуацијата со плаќањето на превозот не е јасна.
Принцот Хари направи ризичен потег при едно официјално патување на Карибите, кога ненадејно го откажа летот платен од државата и наместо да се врати дома појде кај Меган Маркл во Канада затоа што ја немал видено својата сакана 3 седмици.
Деловна облека
Луѓето кога патуваат се облекуваат во кежуал облека во која им е удобно, но припадниците на кралското семејство мора да се облечени деловно и да изгледаат совршено.
Кога се симнуваат од авионот сте забележале дека Кејт Мидлтон секогаш е во фустани, а Вилијам во костими.