Стереотипи за богатите луѓе во кои сите веруваат, а не се вистина
Во светот постојат многу погрешни верувања за богатите луѓе и многумина сметаат дека тие не ги заслужуваат парите, дека се крадци, нечесни и себични.
Сепак, истражувањата покажуваат дека богатите луѓе не се злобни или привилегирани како што си замислувате, иако од секоја група постојат исклучоци.
Голем број од нив оделе во државни училишта, а некои од нив дури и не завршиле факултет како што многумина си замислуваат дека оделе на популарни и скапи колеџи.
И тие се обични луѓе кои со многу труд и работа успеале да го стекнат своето богатство, чесно ги плаќаат даноците и трошоците, а иако звучи чудно, многу од нив не го наследиле богатството туку сами се бореле за тоа.
Во продолжение, погледнете кои се стереотипите во кои треба да престанете да верувате:
Ако си од богато семејство, и ти ќе бидеш богат
Вистина е дека децата кои доаѓаат од семејства со добра финансиска состојба имаат добро и квалитетно образование за разлика од оние со помали можности.
Оттука има логика да се очекува дека ќе станат богати, но не мора да значи дека ако тие имаат шанси во животот ќе знаат да ги искористат и дека нема да го уништат богатството кое родителите го стекнале.
Сите богати луѓе го наследиле богатството
Според информациите на Forbes, во 2014-та, бројот на милијардери кои сами го стекнале богатството достигнала 70% од вкупната листа на богати.
Богатите луѓе не мора да работат напорно
Според собраните информации, богатите луѓе работат понапорно од сиромашните – 86% од нив имаат работа со полно работно време и работат 50 или повеќе часови неделно, додека 57% од сиромашните работат помалку од 50 часа неделно.
Богатите исто така земаат помалку денови за боледување, а и поминуваат помалку време пред телевизор, според истражувања.
Сите богати луѓе завршиле на престижни универзитети
Иако голем дел од богатите луѓе завршиле на престижни универзитети, сепак не сите завршиле високо образование воопшто, а таков пример се Бил Гејтс и Марк Закерберг.
Богатите се помалку хуманитарни
Според одредени истражувања, докажано е дека посиромашните семејства донираат поголем процент од приходот на хуманитарни акции, но други истражувања покажуваат дека колку повеќе пари имаат луѓето, толку повеќе донираат, иако зависи од индивидуа до индивидуа.
Да се биде богат значи да се биде екстравагантен
Иако постојат такви кои само сакаат да се покажуваат со парите, сепак оние кои сами си го стекнале богатството со работа, а не со слава, знаат да си ги ценат парите и не трошат на секакви глупости.
Во едно истражување 92% од нив кажале дека никогаш не биле на одмор на јахта, а дури 30% откриле дека користат купони за попуст.
Невозможно е да се стане богат
Ова е најчестото суеверие во кои сите веруваат и сметаат дека ако досега не станале богати или ако не доаѓаат од такво семејство, никогаш нема да бидат.
Многу од богатите луѓе не се од богато семејство и во детството живееле во сиромаштија, а потоа сами успеале, што значи дека со желба, труд, мотив и идеја, може да се постигне.
М. М. | Црнобело