Нервен слом на 21 година, претепување на сопругата: Факти за постариот син на Николас Кејџ
Тој има два сина, но само постариот живее со него. Изгледа Николас Кејџ е совршен актер, но не и совршен татко, бидејќи неговиот постар син Вестон Кејџ постојано прави скандали, а тој нема решение за тоа.
Николас Кејџ има многу проблеми со законот, со избегнување на даноците, со љубовните врски, но има и со своите деца.
Тој е еден од најдобрите актери на денешнината, но кога е приватниот живот во прашање како да му владее хаос. Зад себе има три пропаднати брака од кои има две деца.
Помладиот син Кал-Ел живее со неговата мајка Алис Ким, поранешна келнерка со која Николас Кејџ беше 6 години во брак, и изгледа е добро згрижен од страна на мајка си.
Но, постариот син на Николас Кејџ, Вестон, кој го доби со Кристина Фултон, живее со него и постојано ги полни медиумите со своите скандали.
Скандалозното однесување на Вестон Кејџ:
Чудни варијации со изгледот
Некогаш беше непрепознатлив металец со долга коса и лице обоено со бела боја, а потоа се претвори во билдер со тесни маички.
Нервен слом на 21 година
Во 2011 Вестон направил огромен скандал во ресторан затоа што не му било дадено нешто од менито, дошло и до тепачка и Вестон завршил во психијатриска институција.
Сообраќајни прекршоци и бегање од полицијата
Чудно е кога возрасен маж седи со прекрстени нозе и плаче на тревникот на некој странец, но Вестон го стори тоа откако јурел со автомобилот со огромна брзина, со многу алкохол во крвта, и направил сообраќајна несреќа.
Браќата повеќе не се во контакт
Николас Кејџ е виновен за неволјите на постариот син
Мајката на Вестон ги молела одговорните во психијатриската болница да го задржат Вестон подолго, по инцидентот во ресторанот, само за да не биде дома со Николас Кејџ и да не биде под неговото лошо влијание.