„Единствената добра зависност е љубовта“ - 15 цитати од најсиромашниот претседател на светот
8. За распределбата на богатството
„Бизнисите само сакаат да го зголемат својот профит. Работа на владата е да се осигура тој профит во доволна мера да стигне до работниците, за да можат тие да имаат пари за да ги купат производите коишто ги произведуваат.“
„Не е некоја мистерија – колку помалку има сиромаштија, толку повеќе ќе има комерција. Најважна инвестиција е инвестицијата во човечките ресурси.“
9. За староста
„Тажното е што 80-годишен дедо мора да биде оној што е либерален. Старите луѓе не се стари заради нивните години, туку заради она што им е во главите. Тие се ужаснати од тоа, но не се ужаснати од она што се случува на улиците?“
10. За зависноста
„Полошо од дрогата е препродавањето дрога. Многу полошо. Дрогата е болест и не мислам дека постојат добри дроги или дека марихуаната е добра. Ниту пак цигарите. Ниту една зависност не е добра. Тука го вклучувам и алкохолот. Единствената добра зависност е љубовта. Заборавете сè друго.“
11. За тоа што е нарекуван најсиромашен претседател во светот
„Јас не сум најсиромашниот претседател. Најсиромашниот е оној кому му треба многу во животот. Мојот животен стил е последица на моите рани. Ја сум син на мојата историја. Имало години кога сум бил среќен само да имам душек.“
12. За донирањето 90% од платата
„Имам начин на живот што не го менувам само затоа што сум станал претседател. Јас заработувам повеќе отколку што ми е потребно, дури и ако тоа не е доволно за другите. За мене, тоа не е жртва, туку е должност.“
13. За неговите цели за Уругвај
„Мојата цел е да постигнам малку помалку неправда во Уругвај, да помогнам на најранливите и да го оставам зад нас политичкиот начин на размислување, а да поставам начин на гледање кон иднината што ќе се пренесе и ќе се користи понатаму.
Нема ништо краткорочно, нема победа веднаш зад аголот. Нема да постигнам рај или нешто слично. Она што го сакам е да се борам за обичните луѓе да напредуваат. Животот брзо поминува. Единствен начин да го продолжите е останатите да ја продолжат вашата работа.“
14. За претседателствувањето
„Претседател е висок претставник којшто е избран да носи функција. Тој не е крал, ниту пак бог. Не е ниту племенски старешина којшто знае сè. Тој е граѓански службеник. Мислам дека идеалниот начин на живеење е да живеете како мнозинството на народот кому се обидуваме да му служиме и да го претставуваме.“
15. За тајната на среќата
„Да се живее во согласност со она што го мислите. Бидете свои и не се обидувајте да ги наметнете вашите критериуми на останатите. Не очекувам другите да живеат како мене.
Сакам да ја почитувам слободата на народот, но ја бранам својата слобода. А тоа доаѓа со храброста да го кажете она што го мислите, дури и доколку некогаш останатите не го делат вашето мислење.“
(О)Милена | Црнобело