8 инспиративни изјави на Меган Маркл, по кои и самата таа живее

Меган Маркл, до неодамна актерка, а од неодамна сопруга на принцот Хари и Војвотка од Сасекс, викендов го прослави 37-миот роденден.

8-inspirativni-izjavi-na-megan-markl-po-koi-i-samata-taa-zivee-001.jpg

Уште во тинејџерските години се залагала за универзалните човечки вредности, па дури и ѝ напишала писмо на тогашната прва дама Хилари Клинтон.

Денес е успешен мотивациски говорник на UN Women, а покрај тоа и е дел на уште многу хуманитарни проекти.

Токму затоа издвојуваме 8 инспиративни цитати на Меган, по кои и самата таа живее:

„Замислете што би се случило кога самите себе би се третирале како што го третираме најдобриот пријател.“

„Мислам дека најважниот дел од улогата на жена-шеф во канцеларија, дома или било каде и да одите, е секогаш да ја знаете својата вредност.“

„Направете избор: продолжете да го живеете животот замрачен, во бездната на самоспознавањето или пронајдете го својот идентитет независно од тоа на која раса припаѓате. Сами ги цртате сопствените граници. Претставете се себеси низ она што ја прави вашата личност, а не низ бојата на кожата која ја имаат вашите родители.“

„Често се прашувам како сум дел од два различни света – светот на филмската индустрија, кој се темели на богатство и уживање, и повторно, се бавам со хуманитарна работа. Но, за мене, поважно од прашањето како го правам тоа, е како да не го правам тоа?!“

„Да бидеш феминист и да бидеш женствена не се два поими кои меѓусебно се исклучуваат.“

„Можете да бидете жена која изгледа дотерано и повторно да се борите за еднаквоста на жените.“

„Навистина е неверојатно што сè може да се случи кога ќе почнете да верувате дека сте си доволни.“

„Немојте на нешто да посветите ни 5 минути, доколку не сте подготвени да му посветите 10 години.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg