10 неверојатни факти за снимањето на филмот „Титаник“

Дали знаевте дека Кејт Винслет лобирала за себе директно кај Џејмс Камерон? А дека тој 12 пати нуркал до остатоците од бродот пред да го сними филмот?

10-neverojatni-fakti-za-snimanjeto-na-filmot-titanik-01.jpg

Во продолжение прочитајте ги приказните зад овие два и уште осум неверојатни факти за снимањето на филмот „Титаник“, снимен пред точно 21 година.

Сепак, дури и по толку години, јавноста дознава многу нови информации, кои можат дефинитивно да ве вчудовидат.

1. Ако се исфрлат сите сцени кои се случуваат во модерното време, а се остават оние од 1912 година, филмот би траел 2 часа и 40 минути, што е точно време кое му било потребно на бродот да потоне.

2. На аудицијата за улогата на ликот Џек Досон учествувале и Бред Пит, Том Круз, Меколи Калкин, Метју Меконахи и  Кристијан Бејл. Меконахи дури и снимил неколку пробни сцени, но улогата ја добил Леонардо ди Каприо.

10-neverojatni-fakti-za-snimanjeto-na-filmot-titanik-02.jpg

3. Кејт Винслет исто така имала голема конкуренција, меѓу кои и Шерон Стоун, Гвинет Палтроу, Винона Рајдер, Ума Турман, па и пејачката Мадона. Но, таа очајно ја сакала оваа улога што му се умилкувала на Џејмс Камерон. Во една прилика му испратила букет рози со порака „Од твојата Роуз“.

4. Камерон во прв момент не сакал да има песни во филмот, но композиторот Џејмс Хорнер во тајност ја снимил „My Heart Will Go On“ со Селин Дион. Сепак, режисерот не останал рамнодушен на песната и одлучил да биде дел од официјалниот саундтрак.

5. За да може автентично да ја пренесе приказната, Камерон дури 12 пати нуркал до остатоците на бродот на дното на океанот.

10-neverojatni-fakti-za-snimanjeto-na-filmot-titanik-03.jpg

6. Извикот „Jас сум крал на светот“ што ја кажува Џек не е дел од сценариото. Всушност, Леонардо ди Каприо импровизирал, а тоа му се допаднало на Камерон и ја оставил сцената.

7. Она што најмногу го иритира Џејмс Камерон во врска со овој филм е полемиката дали Џек можеше да биде спасен. На тоа, тој одговорил:

„На страницата број 147 од сценариото пишува дека Џек умира. Останатото не ме интересира.“

10-neverojatni-fakti-za-snimanjeto-na-filmot-titanik-04.jpg

8. Во сцените со старата Роуз, е снимено и нејзиното кученце од расата померанец. Тоа не е случајно, бидејќи меѓу спасените животи од потонатиот брод имало три кучиња, од кои две биле токму померанци.

9. Буџетот на „Титаник“ изнесува 200 милиони долари, што е најскап филм дотогаш. Студиото „20th Century Fox“ барало паричен заем и од други, конкурентски студија, за да можат да го реализираат филмот. Иако прогнозите не биле розови, на крај излегло дека сепак сето тоа се исплатело.

10. Сцената во која Џек ја црта Роуз е снимена првиот ден, во време кога актерите не биле зближени, за да може да се долови природното зацрвенување на нивните лица, за срамежливоста да биде што поавтентична.

Ве интересираат уште факти за познатите филм и брод? Прочитајте ги тука.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg