Во сечиј живот, некогаш мора и да заврне: Најубавите цитати заради кои ќе го засакате дождот
Променливото време изминативе денови предизвикува и променливо расположение кај луѓето, но наместо да се муртиме, можеме да го прифатиме дождот и да уживаме во него.
Многупати, дождот бил инспирација за голем број дела, за уметнички фотографии, за добивање нови идеи. Некои на него гледаат како метеоролошка појава, а други пак, наоѓаат утеха во тоа дека, по дождот, сè е некако посветло и со поинтензивни бои.
Во продолжение прочитајте некои од најдобрите цитати, заради кои ќе гледате на дождот на поинаков начин и можеби ќе уживате во него:
„Облаците доаѓаат во мојот живот, но не за да ми донесат дождови и бури, туку за да додадат друга боја на сончевото небо“, Тагоре
„Некои луѓе умеат да одат низ дождот, а други пак, само да се намократ“, Роџер Милер
„Најдоброто нешто што можете да го направите кога врне е да оставите да врне“, Хенри Вадсворт Лонгфелоу
„Дозволи му на дождот да те бакнува. Дозволи му да ја удира твојата глава со сребрени капки. Дозволи му на дождот да ти испее приспивна песна“, Ленгстон Хјуз
„Во сечиј живот некогаш мора да заврне“, Хенри Вадсворт Лонгфелоу
„Ако сакате да видите виножито, мора да го преживеете и дождот“, Доли Партон
„Сонцето е прекрасно, дождот освежува, ветерот нè истуркува понатаму, снегот усреќува. Нема лошо време, туку само различни видови на добро време“, Џон Раскин
„Трите најпрекрасни звуци на природата се звукот на дождот, на ветерот низ шумата и на морето покрај плажата“, Хенри Бестон
„Ако дождот го уништи нашиот излет, но ја спаси бавчата на фармерот, кои сме ние да кажеме дека не треба да врне?“, Том Берет
Е. Д. | Црнобело