18 цитати за успехот кои ќе ве охрабрат и мотивираат

Во животот, разликата помеѓу успехот и неуспехот помалку или повеќе се должи на храброста. Никој не успеал без труд и напорна работа (добро, освен Кардашијанс, ама они така се родиле), а секако, потребна е и среќата. 

18-citati-za-uspehot1.jpg

Прочитајте дел од најубавите цитати кои ќе ве мотивираат да успеете:

„Човекот не може да се искачи по скалилата на животот со рацете в џеб“ – Американска поговорка

„За да успее во животот, човекот мора да има две работи. Прва е среќата – тоа е она кога на човекот му се укажува поволна прилика. Втората е умот, кој му овозможува на човекот да ја искористи дадената прилика“ – Авганистанска народна изрека

„Секој ден донеси по една кошница земја на едно место и ќе изградиш планина“ – Конфучиj

„Тајната на животниот успех им е позната само на оние кои не успеале“ – Џон Ч. Колинс

„Успехот, често, е хемиска реакција помеѓу добрата можност и лошата намера“ – Јон Ликвам

„За да успеете потребни ви се пријатели. За да успеете уште повеќе, ви се потребни непријатели“ – Грчка поговорка

„Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи“ – Черчил

„Воопшто, мислењето дека успехот ги расипува луѓето правејќи ги суетни, себични и самозадоволни – е погрешно. Напротив, во повеќето случаи, успехот ги прави скромни, толерантни и љубезни. Неуспехот е оној кој ги прави тешки, огорчени и свирепи“ – Могам

„Оние кои те сакале пред да успееш, по твојот успех нема да те сакаат. Славата и успехот не се простуваат“ – Милорад Павиќ

„Постојат два начина на кои човек може да се воздигне: со својата сопствена вештина, или со глупоста на другите“ – Жан де ла Бријер

„Ако сакате да успеете во општеството, убијте ја својата совест“ – Остан Мирабаи

„Успехот не е конечен и неуспехот не е фатален: важна е храброста да се продолжи“ – Черчил

„Подобро да не се успее со оригиналност, наместо да се успее со имитација“ – Херман Мелвил

„Патот до успехот и патот до неуспехот се речиси исти“ – Колин Р. Дејвис

„Успехот вообичаено доаѓа кај оние кои се премногу зафатени за да го бараат“ – Хенри Дејвид Торо

„Шансите не се случуваат. Вие ги создавате“ – Крис Гросер

„Забележав дека колку понапорно работам, толку повеќе среќа се чини дека имам“ – Томас Џеферсон

„Пробај да не бидеш успешен човек, туку човек од вредност“ – Алберт Ајнштајн

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg