Град по име Бетмен, десерт со пилешко месо - интересни факти за Турција
8. Зависници од Фејсбук
Најголемиот број на корисници на Фејсбук се од Турција.
9. Религиозни згради
Најголем број од јавните згради во Турција имаат црна стрелка на таванот којашто покажува кон Мека, насоката во којашто се вртат муслиманите додека се молат.
10. Ноевиот десерт
Ноевиот пудинг или популарно познат како Ашуре, е турски десерт којшто се верува дека потекнува од фамилијата на Ное.
Се верува дека Ноевата арка застанала на планината Арарат, а фамилијата на Ное го прославила спасувањето со ова специјално јадење што се состои од житарки, овошје и јаткасти плодови.
11. Подземна џамија
Првата подземна џамија во светот се наоѓа во Бујукчекмеџе предградието на Истанбул. Санџаклар џамијата е инспирирана од пештерата на Хира и е изградена 7 метра под земја.
12. Најдоброто од двата света
Истанбул е единствениот град којшто се наоѓа на два континента, во Азија (97%) и Европа (3%)
13. Летање
Првиот човек што успеал да полета бил од Турција. Во 17 век Хезафрен Амет Челеби со помош на изработени крилја од дрво и платно, го прелетал Босфорот.
14. Националниот спорт – пеливанство
Пеливанството или борење на двајца полуголи мажи премачкани со масло, е национален спорт со 654 годишна традиција.
15. Центар на светот
Од Истанбул можете да се качите на лет за секаде во светот, благодарение на Туркиш Ерлајнс којашто неколку години по ред е прогласена за најдобра авиокомпанија во светот.
(О)Милена | Црнобело