Град по име Бетмен, десерт со пилешко месо - интересни факти за Турција
Турција го добила своето име од етнонимот „Турк“, а прв пат била наречена Турција во доцниот 14 век.
Турција е шестата најпопуларна туристичка дестинација во светот. Тоа не доаѓа како некое особено изненадување со сите свои убавини што оваа земја ги носи со себе.
Доколку сакате да дознаете повеќе интересни факти за оваа убава земја, продолжете со читањето:
1. Град со име Batman
Батман е град во Турција. Светот дозна за овој град во 2008 година, кога градоначалникот на Батман се закани со тужба против Ворнер Брос и режисерот Кристофер Нолан, креаторите на трилогијата „Темниот витез“.
2. Дедо Mраз е од Турција
Св. Никола или за новогодишните празници познат како Дедо Мраз, бил роден во Патара. Дури има и црква посветена на Св. Никола, на турскиот брег на средоземното море, во градот Демре.
3. Најразновидна кујна
Турската кујна влегува во топ три најразновидни кујни во светот, веднаш после француската и кинеската кујна.
4. Десерт со пилешко
Само во Турција има десерт со пилешко месо во него. Десертот се вика Тавукгогсу и се прави со млеко, пилешко месо, оризово брашно и шеќер.
5. Повеќе од обични продавачи на сладолед
Турските продавачи на сладолед не се само обични продавачи, туку се и забавувачи. Доколку сакате забава со купување на вашиот сладолед, тогаш Турција е местото за вас.
6. Откровението на Св. Јован
Ефес, Смирна, Пергам, Тиатира, Сардис, Филаделфиа и Лаодицеа, се седумте цркви коишто се спомнати во откровението на Св. Јован и сите се наоѓаат во Турција.
7. Бакнувајте додека можете
Бакнување на раката, за жал само на постарите, се смета за традиционален знак на искажување почит.