Некои луѓе едноставно се грижат премногу, мислам дека тоа се вика љубов - цитати на мечето Вини Пу
Без оглед на бројот на годините во вашата лична карта, никогаш нема да бидете престари за цртани филмови.
А кога зборуваме за класици, Вини Пу е еден од оние кои не здосадуваат. Авторот А.А. Милн создал толку харизматичен лик, на којшто ретко може да му одолеат, како децата, така и возрасните.
Неговите навидум едноставни цитати се преполни со длабочина, искреност и многу мудрост. Тие несомнено ќе ви го стоплат срцето и ќе ви го подобрат денот:
1. Како се пишува љубов? – Не се пишува… таа се чувствува.
2. Вети ми дека секогаш ќе го паметиш ова: Похрабар си отколку што веруваш, посилен одошто изгледаш и попаметен отколку што мислиш.
3. Кој ден е? Денес. Мојот омилен ден.
4. Понекогаш, ако стоите на дното на мостот и ја гледате реката која полека тече недалеку од вас, одеднаш ќе знаете сè што треба да се знае.
5. Реките го знаат ова: нема брзање. Ќе стигнеме каде што треба некој ден.
6. Љубовта оди неколку чекори назад, можеби дури и повеќе … да ѝ ослободи пат кон среќата на личноста којашто ја сакаш.
7. Порано верував во засекогаш, но „засекогаш“ звучи премногу добро за да биде вистинито.
8. Не можете да останете во вашиот агол од шумата, чекајќи другите да дојдат кај вас. Понекогаш вие мора да одите кај нив.
9. Колку сум среќен што имам нешто со кое збогувањето е толку многу тешко.
10. Не ја потценувајте вредноста на неправењето ништо, едноставно да чекорите сами, да ги слушнете сите нешта што не можете да ги чуете и да не се грижите.
11. Мислам дека сонуваме, за да не мораме да бидеме одвоени толку долго. Ако сме си присутни во соништата, можеме да бидеме заедно цело време.
12. Една од предностите на неорганизираноста е тоа што секогаш има изненадувачки откритија.
13. Некои луѓе едноставно се грижат премногу. Мислам дека тоа се вика љубов.
(О)Милена | Црнобело