10 цитати после кои повеќе ќе ја цените тишината
Има луѓе кои во тишината гледаат закана и студенило, без да знаат дека тишината понекогаш е поискрена и поинтимна од било кој разговор.
Па, за повеќе да не се плашите од тишината, потпрете се на овие 10 цитати:
„Тишината не е празна. Таа е полна со одговори.“
„Намалете ја интелектуалната и емотивна галама, додека не ја пронајдете тишината во себе. Тогаш, послушајте ја.“
„Тишината е уметност, алатка на мудрите. Кога ќе ја усовршиме уметноста на тишината, големи се шансите да направите многу повеќе.“
„За вистински да знаеш некого, треба да го знаеш значењето на тишината и сите работи кои ги премолчува.“
„Тишината подеднакво е и уништувачка и заразна.“
„Оној кој не ја разбира твојата тишина, веројатно нема да ги разбере ниту твоите зборови.“
„Најдлабоките емоции секогаш се покажуваат низ тишината.“
„Открив дека тишината е нешто што навистина можеш да го слушнеш.“
„За да слушнеш, мора да научиш да молчиш.“
„Само кога сум тивка, кријам цели бури во мене.“
М. Д. | Црнобело