„Го следев срцето и ме одведе на плажа“ и уште 14 цитати за морето и плажата
Лето е и мириса на море, плажа, песок, коктели, безгрижни денови и луди ноќи. Лето е... кога ви е убаво на душата.
Зарем постои подобар лек за душата од сончање на плажа и капење во море?
Ако ја сакате плажата, тогаш ќе ги обожавате и овие цитати:
„Небо над нашите глави, песок под нашите стапала... Животот е добар.“
„Сакам да бидам дива, убава и слободна... Исто како морето.“
„Зошто го сакаме морето? Затоа што има неверојатна моќ да направи да мислиме на работите на кои сакаме да мислиме.“
„Ќе му дозволам на морето да ми врати спомени кои никогаш не сум ги имала.“
„Дури и облачен ден на плажата, сепак е ден на ПЛАЖА.“
„Нема ништо поубаво од гледањето како морето одбива да престане да го бакнува брегот, без разлика колку пати е пратено назад.“
„Животот е секогаш поубав на плажа.“
„Драго море, ти благодариме што правиш да се чувствуваме мали, смирени, инспирирани и солени... Сето тоа наеднаш.“
„Секој треба да верува во нешто, јас верувам дека треба да одам на плажа.“
„Би сакала терапијата плажа да беше покриена со моето здравствено осигурување.“
„Сонуваме во бои, позајмени од морето.“
„Песокот може ќе исчезне од нашето тело, солта ќе се измие, тенот ќе избледи, но спомените ќе траат вечно.“
„Гласот на морето ѝ зборува на душата.“
„Морето е една од најубавите и највеличествени глетки во природата, признавам.“
„Го следев срцето и ме одведе на плажа.“
С. С. | Црнобело