„Ништо, освен рајот, не е подобро од вистински пријател“ - антички и современи филозофски цитати за пријателството
Што е пријателство? Колку видови на пријателство може да препознаеме и какви пријателски врски негуваме со нашите одбрани луѓе?
На овие прашања се обиделе да одговорат голем број на филозофи уште од стариот век, но и од модерното време.
Пријателството одиграло централна улога во античката етика и политичката филозофија. Во книгите осум и девет од етиката на Никомах, Аристотел го дели пријателството на три типа: пријатели за задоволство, пријатели од корист и вистински пријатели.
Во првите тип пријателство припаѓаат оние видови на социјални врски кои се воспоставени да се ужива во слободното време, односно пријателите за спорт или хоби, пријатели за излегување, за јадење, пиење или за забава.
Во втората група се вклучени сите оние пријателства чиј акцент првенствено е насочен кон работата или граѓанските должности, како што е пријателство со вашите колеги и соседите.
Во третата категорија се сместени вистинските пријателства, а вистинските пријатели, објаснува Аристотел, се огледала едни на други. На прашањето - Што е пријател? Аристотел одговорил: „Една душа која живее во две тела“.
„Во сиромаштија и други несреќи кои може да се снајдат во животот, вистинските пријатели се сигурно засолниште“, продолжува Аристотел.
Пријателот е вашето второ јас“, ќе каже неколку векови подоцна римскиот оратор Цицерон за пријателството со Лалиус.
Пред Аристотел, Зенон и Питагора веќе го издигнале пријателството како една од најважните човечки активности во кои вреди да инвестирате.
Еве што рекле познатите мислители во врска со ова:
Зенон: „Пријателот е нашето алтер-его“.
Питагора: „Пријателите се придружници на патување, кои треба да си помагаат едни на други за да истраат на патот кон посреќен живот“.
Епикур бил исто така познат по грижата со која ги негувал пријателствата, што го повторува неговиот римски следбеник Лукрециј.
Епикур: „Помошта од пријателите не ни помага премногу, како доверба во нивната помош“.
Лукрециј: „Ние сме ангели со едно крило, а можеме да летаме прегрнувајќи се еден со друг“.
Дури и во античката литература, наоѓаме многу цитати за пријателство. Неколку примери од Сенека, Еврипид, Плаутус и Плутарх го потврдуваат ова.
Сенека: „Пријателството секогаш носи корист, со љубовта понекогаш се повредуваме“.
Еврипид: „Пријателите ни ја покажуваат својата љубов во време на неволја“.
Плаутус: „Ништо, освен рајот, не е подобро од вистински пријател“.
Плутарх: „Не ми треба пријател кој се менува кога ќе се сменам јас и кој кимнува кога кимам јас, мојата сенка го прави тоа многу подобро“.
Конечно, пријателството одиграло клучна улога и во развојот на верските заедници, како што е раното христијанство. Пасусот на свети Августин најдобро го илустрира тоа: „Сакам да му недостигам на мојот пријател, додека и тој ми недостасува мене“.
Модерна и современа филозофија за пријателството
Во современата филозофија, пријателството ја губи централната улога што ја играло многу одамна во античкото време.
Во голема мера, можеме да шпекулираме дека ова е поврзано со појавата на нови форми на социјални агрегации. Сепак, може да се пронајдат и неколку добри цитати како сведоци на пријателството кое никогаш нема да изумре како форма на социјална интеракција:
1. Френсис Бекон: „Без пријатели, светот е само пустина“.
2. Жан де Ла Фонтен: „Пријателството е сенка на вечерта, која се зголемува со зајдисонцето на животот“.
3. Чарлс Дарвин: „Човечкото пријателство е едно од најдобрите показатели за неговата вредност“.
4. Емануел Кант: „Три работи покажуваат каков е човекот: неговите очи, неговите пријатели и неговите омилени цитати“.
5. Хенри Дејвид Торо: „Јазикот на пријателството не се состои само од зборови, туку од значења“.
6. С. Луис: „Пријателството е непотребно, исто како филозофијата, како уметноста. Тоа не се одликува со вредност за преживување, туку е една од оние работи што му даваат вредност на опстанокот“.
7. Џорџ Сантајана: „Пријателството скоро секогаш симболизира соединување на дел од еден ум со дел од друг ум“.
(О)Милена | Црнобело