„Брзо се сушат солзите за туѓата болка“ - 14 руски народни мудрости
„Девојките мислат на брак, мажените на љубов“ и уште 13 други руски поговорки.
Русите се огромна нација со значајни историја зад себе. Некои мудрости кои кај нив се пренесуваат од генерација на генерација не губат од вредност.
Дел од најубавите руски мудрости:
„Полесно е да ја избегнеш кавгата, отколку да ја прекинеш.“
„Не ја пуштај стрелата, ако знаеш дека нема да ја погоди целта.“
„Ако одиш брзо, ќе ја стигнеш неволјата, ако одиш бавно, неволјата ќе те стигне тебе.“
„Човек не е љубоморен кога сака, туку кога сака да биде сакан.“
„Брзо се сушат солзите за туѓата болка.“
„Кој го навредува небото, нема кому да му се моли.“
„Човековата злоба секогаш доаѓа од немоќта.“
„Нивото на културата на маж се одредува според тоа како ги третира жените.“
„Девојките мислат на брак, мажените на љубов.“
„Најдобро патува тој што знае каде треба да се врати.“
„Детето е како тесто, како си го замесил, така ќе израсте.“
„Многу да знаеш, значи предвреме да остариш.“
„Долго чека тој што нетрпеливо чека.“
„Богатиот во тепачка се обидува да го сочува лицето, а сиромавиот капутот.“
С. С. | Црнобело