„Насмевката е убав збор без букви“ - 14 арапски народни мудрости

„Парите се добри како слуга, но не и како господар“ и уште 13 интересни арапски народни мудрости.

nasmevkata-e-ubav-zbor-bez-bukvi-14-arapski-narodni-mudrosti-01.jpg

Арапите важат за мудри луѓе и нивните зборови допираат до срцето. Па, зошто да не научиме нешто од нив?

Интересни арапски народни мудрости:

„Детето си игра со животот додека е мало, а потоа животот си игра со него кога ќе порасне.“

„На вљубениот да му давате совет е исто како да се обидувате да полните кафез со ветер или сито со вода.“

„Парите се добри како слуга, но не и како господар.“

„Големината на твојот ум раѓа завидливци, големината на твоето срце раѓа пријатели.“

„За некој да љубиме совршено, треба да го љубиме така како да ќе умреме утре.“

„Господар си им на зборовите кои не си ги изговорил, а роб на оние кои си ги изговорил.“

nasmevkata-e-ubav-zbor-bez-bukvi-14-arapski-narodni-mudrosti-02.jpg

„Четири работи не може да се вратат: изговорен збор, исфрлена стрела, поминат живот и пропуштена пригода.“

„Победата над слабите е пораз.“

„Бракот е како тврдина - кој е надвор сака да влезе, а кој е внатре сака да излезе.“

„Ако сакаш сите да те мразат, кажи му ја на секој вистината во лице.“

„Брзај за да го направиш тоа што можеш, затоа што нема да можеш секогаш.“

„Опасноста и задоволството растат на иста гранка.“

„Занемари нешто вредно и веднаш ќе се најде некој да ти го украде.“

„Насмевката е убав збор без букви.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg