12 причини зошто Камила Паркер ќе ѝ стане најголема сојузничка на Меган Маркл
Двете имаат армија луѓе кои не ги сметаат како доволно добри за да бидат дел од британското кралско семејство.
Меган Маркл кратко време е дел од кралското семејство, но брзо учи кому треба да му верува, а од кого да држи дистанца.
Да се биде дел од ново семејство не е лесно, особено кога станува збор за кралско семејство и 24/7 сте пред љубопитните погледи на јавноста.
И бидејќи Кејт Мидлтон е зафатена со грижата за своите 3 деца, Меган се насочи кон барање помош од Камила Паркер, маќеата на принцот Хари и принцот Вилијам, односно сопругата на принцот Чарлс.
Зошто Камила ќе стане најголемата сојузничка на Меган Маркл:
Двете се „аутсајдери“.
Запознавањето на Меган со кралскиот живот не беше толку скандалозно како тоа на Камила, кога сите ја обвинуваа за разводот на принцот Чарлс и Дијана, но сепак за многумина Меган не е првиот избор за Хари.
Двете се мета на медиумите.
Само затоа што Меган не се вклопува совршено според кралските стандарди, медиумите постојано се обидуваат да ископаат некоја ситуација со која ќе ја оцрнат, како што се нејзините семејни драми.
Камила, исто така, имаше проблем да им докаже на сите дека е достојна за член на кралското семејство. Најмалку една година папараците не ѝ даваа минута мир со цел да ја уловат во некоја незгодна ситуација.