Најубавите цитати кои лежат сокриени во уникатноста на европските филмови
Има некоја посебна, на моменти необјасниво растажувачка, а истовремено развеселувачка и моќна убавина во европските филмови.
Тие немаат буџет пресметан во стотици милиони, ниту светлечки билборди кои би им помогнале да бидат продадени, но затоа имаат душа, свест и будење кое се раѓа во човекот откако ќе бидат изгледани во еден здив.
За посебноста и тежината на овие филмови, најсоодветен доказ се токму цитатите од истите.
Следните неколку реплики се носечки во филмовите кои дефинитивно заслужуваат да бидат изгледани:
Good Bye, Lenin!
„Иднината беше во наши раце, неизвесна и ветувачка.“
Wings of Desire
„Како болката да нема минато. Сите луѓе кои сум ги сретнала ќе продолжат да живеат во мојата глава. Секогаш нешто завршува баш кога ќе започне. Беше преубаво за да биде вистинито. Конечно сум во големиот град, за да откријам која сум, што станав. Во поголемиот дел од времето, јас сум премногу свесна за да бидам тажна. Цела вечност чекав некого кој ќе ми каже нешто љубовно. А потоа заминав во странство. Некој кој би ми рекол „Те сакам толку многу денеска.“ Тоа би било прекрасно. Погледнувам нагоре, а светот се протега пред моите очи и го исполнува моето срце...“
Café de Flore
„Веруваш ли во сродни души? Јас верувам. Ми се допаѓа концептот дека таму некаде, има некој кој би требало да биде со тебе засекогаш.“
The Best Offer
- „Човечките емоции се како уметнички дела. Можат да бидат фалсификувани. Тие изгледаат како оригиналот, но се фалсификувани.
- Фалсификување?
- Сè може да се лажира, Вирџил. Радоста, болката, омразата, болеста, оздравувањето, дури и љубовта.“
The Hunt
„Светот е полн со грдотија, но ако застанеме еден покрај друг, таа ќе биде победена.“
Lilya 4-ever
„Се самоубив и заминав во Рајот, и да, навистина е убаво во рајот. Но се каам, бидејќи сакав да живеам на земјата малку подолго. Остануваш мртов завек, но си жив само за еден краток момент.“
The Beautiful Person
„Си заминувам, за да не би се вљубила.“
We The Children From Bahnhof Zoo
„Се чинеше дека таа може да биде сè што ќе посака, но таа не сакаше да биде ништо. “
Alegria
„Ако немаш глас, врескај. Ако немаш нозе, трчај. Ако немаш надеж, измисли ја. Што ако сè беше возможно?“
The Lives of Others
„За само неколку минути, се собра мала група на луѓе: што би можело да биде поинтересно од туѓите животи?“
Eastern Plays
„Тоа што секој ден стануваш од својот кревет, не значи дека си се разбудил.“
Nostalgia
„Поезијата не може да се преведе, како и сета уметеност.“
Amélie
„Го трошиме времето од денот, за да заборавиме како минува времето.“
Love Me If You Dare
„Пријателите се како очилата за сонце. Те прават да изгледаш паметен, но се оштетуваат и потоа ти здосадуваат. За среќа, понекогаш, наоѓаш некои супер наочари. Јас...јас ја најдов Софи!“
еНВи | Црнобело