Татко ѝ мисли дека е „премија“ за него: Факти за мистериозната љубовна врска на Ријана со Хасан
8. Тој целосно ѝ го променил гледиштето кон работата и балансот помеѓу работата и животот, според тоа што таа еднаш има изјавено:
„Порано се чувствував виновно кога си давав време за лични работи, но исто така мислам и дека никогаш претходно не сум запознала некој кој го заслужува тоа и за кој вреди. Мило ми е што си го земам тоа време. Среќна сум.“
9. Таткото на Ријана не е засегнат од богатството на зетот и смета дека неговата ќерка е премија за него, па ќе мора многу да се докаже, бидејќи таа е вредна, независна и амбициозна девојка на која никој не може да ѝ кажува што да прави.
10. Парот заедно ја прославил нејзината Греми награда во 2018 во Њујорк, но се погрижиле одвоено да го напуштат местото на настанот.
11. Покрај другите бизниси, тој е сопственик на саудиската фудбалска лига, па Ријана секогаш ќе добива седиште во првиот ред на Средниот Исток.
12. Двајцата ја делат љубовта кон филантропијата и се ангажирани хуманитарци кои имаат мисија да помагаат на различни полиња во кои веруваат, со што го менуваат светот.
13. Тие се поврзувани заедно уште од 2016-та, така што се забележани во декември како се шетаат низ Лондон, држејќи се за раце, според Vogue Arabia, па успеале да ја држат во тајност врската до 2017-та.
14. Двајцата се родени во 1988-ма година и се врсници, а иако се растени на различен дел од светот и во различни култури, сепак истата возраст веројатно ги зближува и имаат делумно слични интереси.
М. М. | Црнобело