Факти за животот во Италија, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи
Во Италија жените не се брзаат да родат дете
За Италијанците да донесат одлука за дете треба да помине малку подолго време, бидејќи според европски статистики, просечна возраст на која жените првпат стануваат мајки е 31 година.
Таму поголеми се случаите на мајки кои раѓаат деца на 40 години, отколку на 20, а пример за тоа е и Моника Белучи, која првпат стана мајка на 39 години.
Италијанците исто така се венчаат подоцна
Многу често, Италијанците одлучуваат да се регистрираат дури откако веќе живеат заедно и имаат дете.
Во Италија се јаде според строг распоред
Во Северна Италија, рестораните отвораат само за ручек (од 12 на пладне до 2:30 попладне) и за вечера (од 19 до 23 часот).
Ако немале време да ручаат во одреденото време, ќе почекаат до вечера, без да јадат ништо во меѓувреме.
Нема супермаркети кои работат 24 часа или барем ги нема во голем број, а животот е многу поважен од работата, вклучувајќи ги продавачите и касиерите.
Бидето е неопходна компонента во хигиената на Италијанците
Ретко може да се најде бања без биде, а истото важи дури и за хотелите со 1 ѕвезда.
Интересно е и тоа што производителите на детски производи, нашле начин да го претворат бидето и во мијалник за деца.
М. М. | Црнобело